ПОГАЧА

Состојки

  • 700 г Екстра бело брашно тип 400
  • 300 мл млако млеко
  • 20 г свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 50 мл масло за јадење
  • 2 белки од јајце
  • сусам, афионово семе и маргарин за пред печење
  • 2 жолчки измешани со 2 лажици млеко за премачкување на погачата

4-6

180

Подготовка

Во длабок сад замесете тесо од брашното, млекото, шеќерот, солта, маслото за јадење и белките. Измесете меко и глатко тесто и оставете го да стаса околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на два дела (едниот дел да биде поголем 2/3 од тестото, а другиот 1/3). Од поголемиот дел измесете топка и ставете ја во средина од тавчето за печење. Другиот дел поделете го на 3 помали дела и од секој дел расукајте кора голема колку чинија. Секоја кора премачкајте ја со малку маргарин и редете ја една врз друга. На последната кора не се додава маргарин. Од трите кори расукајте една поголема и поделете ја на 8 еднакви дела. Секој дел засечете го на средина и врвот превиткајте го два пати во пресечениот дел. Секој оформен крак редете го околу погачата залепувајќи го со изматената жолчка и млеко. На крај, оставете да стаса околу 30 минути, премачкајте со жолчка и млеко промешани заедно и наросете сусам и афионово семе. Додадете парчиња маргарин и печете во загреана рерна од 180 степени околу 40 минути.
КРОФНИ

КРОФНИ

За тесто 1кг Екстра бело брашно тип 400 400мл млеко 3 јајца 200мл масло за јадење 200г шеќер 20г квасец 1 ванилин шеќер Декорација по желба:-шеќер во прав или растопена чоколада.

8-1060
ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување Бриош леб путер мармалад или џем

420
Колач со бадем и ванила крем

Колач со бадем и ванила крем

За пандишпан: 500 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 5 лажици шеќер 150 мл млеко 120 мл масло 4 јајца 150 г мелени бадеми За крем: 1 пакување пудинг од ванила 150 мл слатка павлака 2 лажици екстракт од ванила

8-1080
Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

830
ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 50 мл маслиново масло 1/4 свеж квасец прстофат сол 2 лажички шеќер 150 г рендан кашкавал 20 г рендан пармезан 50 мл доматен сос 100 г кулен јајце за премачкување

10-12140
ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

СОСТОЈКИ 1 пакување Бриош леб 250 мл бешамел сос 10-тина парчиња шунка 10-15 парчиња кашкавал 200 г рендан кашкавал мелен црн пипер по вкус

450
ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА

ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА

200 г Пченкарно брашно 1 ќесичка прашок за печиво 1 шолја масло 4 јајца 1 шолја млеко 1 шолја минерална вода 100 г палента 200 г бело брашно 200 г сирење 400 г спанаќ 1 пиперка

4-645
ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

2 пакувања Kолачиња со чоколадни парчиња 75 мл свежо цеден сок од лимета  100 мл кондензирано млеко  230 гр крем-сирење  55 гр растопен путер  150 гр слатка павлака (плус за декорација).

1230