Управен одбор

НИКОЛАОС ВОУДОУРИС, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЖИТО ЛУКС АД СКОПЈЕ И ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ELBISCO S.A.

Николаос Воудоурис (Nikolaos Voudouris) е роден во 1968 годинa. Од 1. септември 2018 година избран е за Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Жито Лукс АД Скопје и за Главен извршен директор на ELBISCO S.A. Тој има претходно повеќегодишно професионално работно искуство во повеќе грчки и интернационални компании. Николаос дипломирал на Националниот технички универзитет во Атина и се здобива со титула Дипломиран хемиски инжинер како и со титулата Магистер по прехрамбени науки на Универзитетот Rutgers, Њу Бранзвик, Њу Џерси, САД.

ДИМИТРИОС ПЛАКОУТСИС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Господин Димитриос Плакоутсис (Dimitrios Plakoutsis) е роден во 1965 година. Во 1988 година го завршува своето високо образование на Факултетот за политички науки-оддел социологија, каде се стекнува со титула Дипломиран социолог.

Својата професионална кариера ја гради низ повеќе компании и индустрии во рамките на FMCG секторот, стекнувајќи богато интернационално искуство на различни менаџерски позиции. Неговото долгогодишно искуство му овозможува да развие значајна експертиза во областа на продажбата, маркетингот, менаџментот и развојот на деловни односи.

Во рамките на својата професионална кариера, господин Плакоутсис ја извршува и функцијата Заменик-генерален директор на Жито Лукс, каде што со своето знаење и искуство придонесува кон развојот на компанијата и воспоставувањето успешна соработка со локалните компании и дистрибутивната мрежа.

Одлично го познава англискиот јазик, а многу добро ги познава македонскиот и српскиот јазик.

ГЕОРГИОС ТХРИСКОС, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР ЗАДОЛЖЕН ЗА ПРОДАЖБА, ЛОГИСТИКА И ДИСТРИБУЦИЈА

Георгиос Тхрискос (Georgios Thriskos) е роден 1970 година. Работниот ангажман во Жито Лукс АД Скопје го започнува во 2021 година на функцијата член на Управен одбор задолжен за продажба, логистика и дистрибуција. Своето претходно богато повеќегодишно работно искуство го стекнува во повеќе интернационални компании од прехрамбената индустрија од Грција, Србија, Романија извршувајќи ги функциите Генерален директор, Директор и менаџер за продажба, дистрибуција, извоз, развој на бизнисот. Воедно, во текот на своето работно искуство се има здобиено со многубројни сертификати за успешно посетени обуки и семинари од областа на продажбата и маркетингот.

ОЛИВЕРА ЃУРОВСКА, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР ЗАДОЛЖЕНА ЗА ФИНАНСИИ И КОНТРОЛА

Оливера Ѓуровска е родена 1980 година. Во Жито Лукс АД Скопје работи од 2004 година на повеќе работни позиции, почнувајќи како Асистент во финансии, потоа Самостоен финансов аналитичар, Менаџер за финансиско известување и Внатрешен ревизор. Од 2019 година работи како Менаџер за финансии и контрола во Секторот за финансии во Жито Лукс АД Скопје. Оливера е Дипломиран економист на отсекот Сметководство и ревизија на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Скопје, каде што исто така се стекнува и со титулата Магистер по економски науки во областа Сметководство и ревизија. Оливера е член на Управниот одбор задолжена за Финансии и контрола.

АНТОАНЕЛА ПЕТРОВИЌ, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР, ЗАДОЛЖЕНА ЗА ШОПЕР МАРКЕТИНГ, КЛУЧНИ КЛИЕНТИ И МАРКЕТИНГ

Антоанела Петровиќ е родена 1971 година. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1996 год.
Својата долга професионална кариера ја посветува на маркетингот работејќи на водечки позиции во повеќе светски познати маркетинг-агенции во земјава и во странство, фокусирајќи се на стратешкото планирање, градење брендови и осмислување креативни и медиумски стратегии за голем број домашни и интернационални брендови. Кариерата ја продолжува во индустријата на производи за широка потрошувачка (FMCG) во Фронери, Србија – производител на сладолед кој работи во 24 земји во светот, како Регионален бренд менаџер за групата производи на Нестле и Монделез задолжена за 9 земји во регионот.
Својот ангажман во Жито Лукс го започнува во 2019 год. на позицијата Шопер маркетинг менаџер, а подоцна се вклучува и во активностите на продажниот тим како Менаџер за клучни купувачи. Во моментов, ја извршува функцијата Директор за маркетинг и шопер маркетинг како и стратег за клучните национални купувачи.