СЕРТИФИКАТИ

ЖИТО ЛУКС е докажана и реномирана компанија која има воспоставено и доследно го применува и го подобрува стандардот ISO 22000, усогласен со барањата за функционирање на делотворен систем за управување со безбедноста на храната (FSMS-food safety management system). Во себе го интегрира стандардот ISO 9001 и употребата на техниките за Анализата на опасности и Критични контролни точки (HACCP-Hazard analysis and critical control point) согласно Codex Alimentarius, правилата за добра работна и хигиенска пракса како и дефинираните предусловни програми (prerequisite programs, PRP) за безбедно производство на храна.

Во 2023 год. нашата компанија е успешно сертифицирана според меѓународниот IFS (International Featured Standard-Food), широко применет меѓународен стандард за проценка на усогласеноста на производите и процесите во однос на безбедноста и квалитетот на храната. ИФС сертификатот е доделен од страна на сертификационата куќа Quality Austria, една од водечките ревизорски и сертификациски тела. Со сертификација е опфатено целокупното производство на нашите производи: ста ндардни лебови, тост лебови, специјални врсти лебови, двопек и презла.

Сите стандарди за управување со процесот, следење на набавниот и производниот синџир, складирање и доставување на производите, редовно и навремено се надградуваат следејќи ги последните препораки и промени, наметнати од потребите за поголема безбедност на производите.

Стандардите се користат во сите алки во ланецот на храна, а пропишуваат барања со кои сите очекувани ризици и опасности по безбедноста на производите можат да бидат индентификувани, спречувани, контролирани и управувани. Предуслов за тоа се јасно дефинираните одговорности и надлежности на сите вработени со ефикасна интерактивна комуникација преку следење на набавниот и производниот синџир, складирање и доставување на производите, со цел да обезбедиме безбедни и квалитетни производи за нашите потрошувачи.

Примената на стандардите ни создаваат можности за значителна конкурентна предност, приоритетен пристап на меѓународните пазари, престижно ниво на професионален кредибилитет, истовремено демонстрирање ефективност и посветеност кон континуирано подобрување на целокупното работење. Управувањето со храната на начин кој е соодветен и безбеден за употреба, со цел задоволување и надминување на барањата на купувачите е императив за нашата компанија.

Во Лабораторијата Мелница Жито Лукс се извршуваат лабораториски тестирања на квалитетот на пченицата и брашната во согласност со примената на стандардот ISO 17025. Овој меѓународен стандард за акредитација воспоставува општи барања за компетентност, непристрасност и доследност во извршувањето на лабораторискате активности. Квалитетот на лабораториските услуги ги постигнуваме со квалификуван и обучен персонал и калибрирана опрема за тестирање со учество во меѓулабораториски споредби при што обезбедуваме оценка за лабораторискате тестирања, професионалност и компетентност. Овој стандард ги пропишува законите кои Лабораторијата мора да ги почитуваа за да докаже дека има воведено систем за квалитет, односно дека е компетентна и способна да даде технички валидни резултати. Остварувањето на високо ниво на задоволство на корисниците на нашите услуги и сите други заинтересирани страни, се поттикнува преку овој воспоставен систем за управување со квалитет, неговото преиспитување и постојано подобрување.

EUROBUSINESS – SUPER BRANDS

Жито Лукс е компанија која што континуирано работи на усовршување на своите производи, доставување до граѓаните беспрекорно вкусни лебови и компанија што својата долгогодишна традиција ја преточи во создавање на супербренд.
Прогласувањето на Жито Лукс за супербренд во четири последователни години, 2011, 2012, 2013 и 2014 година, е само уште една потврда за целокупното работење на компанијата. Признанието супербренд во себе ги компилира вредностите како квалитет на производот, препознатливост на компанијата и нејзините производи, постојаност, комуникација со потрошувачите и грижа за нивните потреби, присутност и распространетост на пазарот. Сето тоа дава дополнителна вредност на лебовите и брашната од Жито Лукс. Ова претставува мотив за понатамошно унапредување во сите сегменти со цел да се оправда секојдневната доверба на голем број задоволни потрошувачи. Признанието на Жито Лукс, за компанија супербренд, е само дополнителен доказ и награда за посветеноста која компанијата ја има кон работата и кон потрошувачите.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ