ЛИСНАТИ СО МАСКАРПОНЕ И СПАНАЌ

Состојки

  • 300 г Екстра бело брашно тип 400
  • 150 мл вода
  • 120 г растопен путер
  • 1 лажица сол

За смеса со путер:

  • 400 г путер
  • 180 г Екстра бело брашно тип 400

За фил:

  • 150 г маскарпоне
  • 1 јајце
  • 100 г рендан кашкавал
  • сол и мелен црн пипер
  • 50 г свеж млад спанаќ
  • 4 црвени пиперки испечени и излупени
  • јајце за премачкување

8-10

240

Подготовка

Брашното, водата, путерот и солта се мешаат. Се меси тесто кое се остава во ладилник 2-3 часа. За да се направи мрсното тесто, се мешаат брашното и путерот. Оваа смеса се става помеѓу две парчиња хартија за печење за да се добие форма на квадрат. Вака подготвеното тесто се остава во ладилник 20 минути за да се стегне путерот. Првото тесто, како и мрсното тесто се расукуваат во долгнавеста кора. Се редат едно врз друго и се преклопува 3 пати. Се остава во ладилник 1 час. Постапката се повторува уште два пати. Во длабок сад се мешаат јајцето, маскарпонето и ренданиот кашкавал. Се зачинува со сол и мелен бибер по вкус. Лиснатото тесто се расукува со дебелина од 1 см. Од вака добиената кора се сечат квадрати. Во средината се нанесува филот, а краевите се премачкуваат со изматено јајце. Се печат во загреана рерна на 200°С околу 20 минути. Пред сервирање се додава младиот спанаќ врз секое парче.
ДВОПЕК-ПИЦА

ДВОПЕК-ПИЦА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 150-300 ml млака вода неколку парчиња шунка и кашкавал печурки, маслинки 1 свежа пиперка 1-2 јајца (по желба) пасирани домати (или кечап) оригано

225
НОВОГОДИШНИ БРАУНИС

НОВОГОДИШНИ БРАУНИС

180 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 1 лажичка прашок за печиво 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажичка инстант кафе 100 г какао 4 јајца 250 г путер 350 г шеќер 250 г растопено чоколадо За декорација: Перечиња глазура од шеќер во прав и сок од лимон прехрамбена црвена боја

1245
БРЗА БИСКВИТ ТОРТА

БРЗА БИСКВИТ ТОРТА

СОСТОЈКИ 500 г Mеки колачиња со чоко парчиња 50 г исечкани ореви 2 лажички екстракт од ванила 3 лажици какао 100 мл мед 2 јајца 250 г путер

8120
ШАРЕНА СОЛЕНА ТОРТА

ШАРЕНА СОЛЕНА ТОРТА

СОСТОЈКИ 1 пакување Бел леб За црвена крем-салата: 1 тегла цвекло, ситно исечкано 3 варени јајца 6-7 лажици мајонез 1 лажица кисела павлака сол и мелен црн пипер по вкус За бела крем-салата: 2 пилешки стека, сварени и исечкани на коцки 1 мала конзерва грашок 2 компира, сварени и ситно исечкани 2 јајца варени и […]

1260
ЛАЗАЊА

ЛАЗАЊА

За лазања листови: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца 2-3 лажици маслиново масло сол по вкус За сос: 1 главица кромид 400 г мелено месо 2 чешниња лук ситно исечкани (по желба) 200 мл доматен сос 1 50 мл бешамел сос со кашкавал маслиново масло по вкус 50 г путер сол и […]

4-6150
РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

СОСТОЈКИ 300 г Kолачиња со чоколадни парчиња 250 г пире од костени 350 г путер 150 г чоколадо за готвење 100 г кокос 300 г шеќер во прав 50 мл вода

6-8120
РОЛАТ СО РОГАЧ

РОЛАТ СО РОГАЧ

500 г Екстра бело брашно тип 400 50 г шеќер 1 кесичка сув квасец 2 лажици кора од лимон прстофат сол 250 мл млеко 50 г растопен путер 2 жолчки За фил: 120 г рогач 200 мл млеко 100 г сецкани суви смокви 1 лажица рендана кора од лимон прстофат каранфилче во прав 1/2 лажица […]

6-8140
ПИЦА ПАЛЕНТА СО ЗЕЛЕНЧУК

ПИЦА ПАЛЕНТА СО ЗЕЛЕНЧУК

150 г Палента 450 мл супа од коцка 1 пиперка 200 г тиквички 1 црвен кромид 1 лажица масло 1 исечкано чешне лук 1/2 лажичка црвен пипер 1/4 лажичка мелен ким малку чили во прав малку сол црн пипер 100гр. рендан кашкавал 1 лажица рендана кора од лимон 2 лажици сечкан магдонос 1 лажичка оригано

460