МЕДИТЕРАНСКИ ДОМАШЕН ЛЕБ

Состојки

  • 500 г Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сув или свеж рузмарин
  • 1 1/2 лажичка буковец
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 350 мл млака вода
  • 100 г зелени маслинки
  • 100 г каламата маслинки

4

240

Подготовка

Замесете тесто од брашното, солта, лукот, рузмаринот, буковецот, квасецот и водата. Додадете ги исечканите маслинки и оформете топка од тестото. Оставете го во сад да се одмори околу 2 часа додека да се зголеми волуменот. Тестото ќе биде многу меко и речиси невозможно за обработка. Но со малку набрашнети раце, може да се обработува. Размесете го и повторно на кујнска крпа набрашнета со Екстра брашно, оставете го да одмори уште 30-тина минути така што ќе го покриете со краевите од крпата за да не се исуши. Во рерната која сте ја загреале на 200 степени, ставете да се загрее една округла тава на механизам со пречник од 26 см. Со помош на крпа извадете ја тавата, набрашнете ја и набрзина превртете го лебот со помош на крпата во врелата тава. Печете околу 20 минути на 200 степени, па намалете на 180 и печете уште 20-тина минути. Доколку не сакате тврда кора, повремено со прскалка со вода прскајте го горниот дел од лебот.
ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

2 пакувања Kолачиња со чоколадни парчиња 75 мл свежо цеден сок од лимета  100 мл кондензирано млеко  230 гр крем-сирење  55 гр растопен путер  150 гр слатка павлака (плус за декорација).

1230
Колач од ванила и портокал

Колач од ванила и портокал

За пандишпан: 180 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка сол 250 г путер 250 г шеќер 4 јајца екстракт од ванила кора од 1 портокал 240 г  кисела павлака За глазура: 2 портокали, 150 г шеќер, 60 г вода.

8-1060
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

3 пакувања Меки колачиња со чоко парчиња 2 жолчки  4 лажици шеќер  200 гр чоколадо за готвење  250 гр путер  100 мл млеко  малку рум  100 гр сецкано суво грозје  100 гр ситно сечкано желе  100 гр сечкани ореви

45
ЕКЛЕРИ

ЕКЛЕРИ

За еклерите: 150 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажици шеќер 1 лажичка сол 1/2 пакетче прашок за печиво 120 мл вода 130 мл млеко 130 г путер 5 јајца на собна температура За кремот: 1 1/2 ќесички инстант ванила пудинг 500 мл млеко 1 лажичка екстракт од ванила 3 жолчки 50 г путер […]

20160
Американски палачинки

Американски палачинки

160 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка шеќер 1 лажичка прашок за печиво 1 јајце 30 г путер 225 мл млеко

6-845
МИНИ-ТОРТИЧКИ

МИНИ-ТОРТИЧКИ

За тесто: 2 филџани Екстра бело брашно тип 400 2 филџани шеќер; 2 филџани масло за јадење; 4 јајца; 1 филџан млеко; 2 филџани мелени ореви; 1 ќесичка прашок за печиво. За фил: 200мл млеко; 150г шеќер; 100г чоколада; шлаг–пена.

6-860
КРОАСАНИ

КРОАСАНИ

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 мл вода 2 пакетчиња сув квасец 3 лажички сол 50 г шеќер 100 г + 250 г путер 1 јајце за премачкување

12300
КАНАПЕИ СО ЛОСОС

КАНАПЕИ СО ЛОСОС

СОСТОЈКИ 1 пакување Бел леб 200 г чаден лосос, или филети лосос испечени и ситно исечкани 5 кисели краставички 3 лажици кисела павлака 2 лажичиња мајонез малку сол малку бибер 1-2 лажици маслиново масло

5-720