КИШ

Состојки

За тесто:

За фил:

  • 250 г исечкана сланина на коцки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 средна главица кромид ситно исечкана
  • 3 јајца
  • 2 жолчки
  • 270 мл неутрална павлака
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мелен црн пипер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 250 г рендан кашкавал
  • 20 г рендан пармезан

6

120

Подготовка

Во длабок сад измешајте ги заедно брашното и солта. Додајте го изладениот исечкан путер. Со помош на рацете втријте го путерот во брашното за да создадете структура налик на песок. Потоа додадете ја студената вода постепено промешувајќи со дрвена лажица се додека не се оформи топка од тесто. Оформете го тестото во облик на диск и завиткајте го во хартија за печење. Оставете го да се излади во ладилник околу 1 час. Расукајте го потоа во округла форма со дебелина од 1 см и ставете го во округло тавче. Отстранете ги краевите што висат. Вратете го во ладилник за повторно да се стегне. Во сад настрана, изматете ги јајцата заедно со неутралната павлака и жолчките, додајте сол, мелен црн пипер и црвен пипер. Додадете го ренданиот кашкавал и пармезан. Во тава со масло испржете ги кромидот и исечканата сланина околу 2-3 минути колку само да омекнат. Изладете околу 5-10 минути. Загрејте ја рерната на 185 степени. Во тавчето со тестото најпрво ставете ги кромидот и сланината заедно врз целата површина. Одозгора полејте го целиот киш со течноста од јајца и неутралната павлака. Печете на 185 степени околу 30-35 минути или додека комплетно не зарумени и не биде смесата жива во средината при проверка со чепкалка.
СЛАТКИ ТОСТ КАНАПЕИ СО ФИЛ ОД ЈАГОДИ

СЛАТКИ ТОСТ КАНАПЕИ СО ФИЛ ОД ЈАГОДИ

1 пакување `Ржан леб 500мл слатка павлака 300г јагоди 2 лажички шеќер ½ лажичка екстракт од ванила

5-730
ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

За тесто: 800 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млеко 2 јајца 1 белка од јајце 1 жолчка за премачкување 50 мл масло за јадење 50 мл јогурт 30 г свеж квасец 2 лажички сол 1 лажица шеќер За фил: 150 г путер или маргарин 300 г урда

4-6150
ЗЕМИЧКИ СО КОМПИР

ЗЕМИЧКИ СО КОМПИР

300 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 2 1/2 лажички прашок за печиво 1 лажица шеќер 240 г студен путер исечкан на коцки 120 г пире од компири 120 мл јогурт 1 јајце за премачкување 1 лажица млеко за премачкување

8-1045
КОЛАЧ СО АФИОН

КОЛАЧ СО АФИОН

4 чаши Пекарско брашно тип 500 2 чаши млеко 2 чаши шеќер 2 чаши масло за јадење 100г афион во зрно 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво

6-850
КРОСТАТА (CROSTATTA)

КРОСТАТА (CROSTATTA)

350 г Екстра бело брашно тип 400 250 г нерастопен путер исечкан на коцки 1 жолчка 100 г шеќер во прав 30-40 мл студена вода 1 тегла џем од кајсии

6120
ЗИМСКА ТОРТА

ЗИМСКА ТОРТА

350 г Екстра бело брашно тип 400 350 г кафеав шеќер 2 лажички мелен ѓумбир 2 лажички цимет 1 лажичка мускатно оревче 1 лажичка мелено каранфилче 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка сол 3 јајца 3 лажици мед 200 г путер 200 мл млеко 1 лажица сок од портокал 1 […]

20240
ЖЕЛЕ РОЛАТ

ЖЕЛЕ РОЛАТ

СОСТОЈКИ 1 пакување Kолачиња со какао и чоколадни парчиња 150 г растопен путер 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажица какао 250 мл млеко 2 ќесички шлаг-пена 1 пакетче желатин растворен во вода и растопен на пареа желе-бонбони во различни бои

10300
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425