КРОСТАТА (CROSTATTA)

Состојки

  • 350 г Екстра бело брашно тип 400
  • 250 г нерастопен путер исечкан на коцки
  • 1 жолчка
  • 100 г шеќер во прав
  • 30-40 мл студена вода
  • 1 тегла џем од кајсии

6

120

Подготовка

Во длабок сад замешајте го путерот со брашното, солта и шеќерот за да добиете конзистенција на песок. Додадете ја жолчката и студената вода и замесете. Тестото завиткајте го во хартија за печење во форма на диск и оставете во ладилник да се стегне околу 40-тина минути. Расукајте кора и ставете го во округла тава. Вишокот од тесто, пресечете го и вратете го во ладилник околу 30-тина минути. Загрејте ја рерната на 170 степени. Пред да го ставите да се пече, на неколку места прободете го со виљушка за да не се надигне при печењето. Печете околу 10-тина минути на 170 степени. Извадете го жешкото тесто и врз него ставете го џемот од кајсии добро промешан. Одозгора ставете од останатото тесто испреплетено во цикцак ефект. Премачкајте ја кората со жолчка и печете уште 15-тина минути додека не зарумени убаво. Оладете ја питата комплетно и сервирајте ја ладна.
ЧИЗКЕЈК

ЧИЗКЕЈК

За бисквит основата:  200 гр изблендирани Kолачиња со чоколадни парчиња 70 гр омекнат путер  4 ½ лажици шеќер За фил:  230 гр крем-сирење (маскарпоне)  200 гр шеќер во прав  200 мл слатка павлака 1 лажица ванила екстракт 150 гр слатко од јагоди

1040
КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

3-4 парчиња Пченичен двопек 250 g свежи шампињони 1 главица кромид 1 лажица брашно 1 јајце 1,5 l вода 100 ml кисела павлака магдонос маслиново масло сол, сув зачин по желба

430
ЛАЗАЊА

ЛАЗАЊА

За лазања листови: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца 2-3 лажици маслиново масло сол по вкус За сос: 1 главица кромид 400 г мелено месо 2 чешниња лук ситно исечкани (по желба) 200 мл доматен сос 1 50 мл бешамел сос со кашкавал маслиново масло по вкус 50 г путер сол и […]

4-6150
ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ

ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ

130 г Екстра бело брашно тип 400 200 г шеќер 35 г какао 1 лажичка прашок за печиво 1 лажичка сода бикарбона малку сол 1 јајце 1 зрела пасирана банана 120 мл топла вода 60 мл млеко 60 мл масло за јадење 1 лажичка екстракт од ванила За чоколаден фил: 200 г чоколадо со минимум […]

6-850
Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

8
СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СОСТОЈКИ За два сендвичи: 4 парчиња Бел леб 2 парчиња пилешки стек 1 јајце лебни трошки Жито Лукс 8 парчиња кашкавал чедар неколку паричња (кругови) домати листови зелена салата 1 авокадо 1/2 главица кромид 1/2 домат ситно исечкан сок од 1/2 лимон 1 лажичка букова сол сол и мелен црн пипер по вкус

225
НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ

НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 220 мл кисела вода 4 лажици масло за јадење прстофат сол 250 г путер или маргарин За премачкување: 150 г сланина исечкана на тенки парчиња 1 изматено јајце 1-2 лажици сенф

8-1090
Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

830