ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

Состојки

За тесто:

  • 500 г Екстра бело брашно тип 400 
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 свеж квасец
  • 3 лажици масло за јадење
  • 3 жолчки
  • 150 г шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За фил:

  • 100 мл млеко
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 100 г шеќер
  • 100 г ситно мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • белки за премачкување

10

150

Подготовка

Замесете тесто од сите состојки за тесто и оставете го да стаса околу 1 час на собна температура. Додека тестото стасува, подгответе го филот. Во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот да се растопат. Во жешката смеса додадете го чоколадото, какаото и постојано мешајте додека смесата не се подизлади. Додадете ги мелените ореви и какаото и промешајте. Расукајте го стасаното тесто на набрашнета работна површина во правоаголна форма. Премачкајте го тестото со филот и превиткајте го во ролат. Оставете го ролатот во тава за печење обложена со хартија и загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го ролатот со белка и печете околу 40 минути. Декорирајте со шеќер во прав.
Just2Good десерт со банана и малини

Just2Good десерт со банана и малини

420
ПРАЗНИЧНА ПОГАЧА

ПРАЗНИЧНА ПОГАЧА

500 г Екстра бело брашно тип 400 200 мл млеко 1 белка 50 мл масло за јадење 20 г свеж квасец 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол јајце за премачкување сусам и мак за декорација 100 г омекнат путер

6-8180
БАСТУНЧЕ ПОЛНЕТО СО МЕЛЕНО МЕСО

БАСТУНЧЕ ПОЛНЕТО СО МЕЛЕНО МЕСО

За тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 100 мл млеко 50 мл масло за јадење 1 белка сол по вкус 1 лажичка шеќер 1 пакетче сув квасец За фил со мелено месо: 250 г мелено месо 1 главица кромид, ситно исечкана сол и мелен црн пипер по вкус 1 лажица шарена сол масло […]

4-6120
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ОРЕВИ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ОРЕВИ

За тесто 1 пакување Пченичен двопек 4 јајца 1 прашок за печиво 1 шолја шеќер 1 шолја масло за јадење 1 шолја ореви 1 шолја павлака За фил (шербет) 800 g шеќер 2 шолји вода 1 ќесичка ванилин шеќер За глазура: 1 шлаг крем или слатка павлака

440
КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

230 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 350 г суво грозје кора од 3 портокали 300 мл свежо исцеден сок од портокал 1 јајце 150 г мешано суво овошје по желба (урми, смокви, суви сливи, кајсии итн.)

1580
Сендвич со цвекло и моцарела

Сендвич со цвекло и моцарела

410
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
Чоколадни коцки со ванила-крем

Чоколадни коцки со ванила-крем

За пандишпaн: 190 г Екстра бело брашно tип 400 9 јајца 250 г шеќер 2 лажички прашок за печиво 100 г какао 3 лажици масло за јадење. За фил: 800 мл млеко 3 пудинга од ванила 130 г шеќер 2 пакетчиња шеќер од ванила 180 г путер За глазура: 200 г чоколадо за готвење 5 […]

10-1260