ТАРТ СО ЧОКОЛАДЕН МУС

Состојки

За основата: 

За чоколадниот мус: 

  • 225 гр чоколадо за готвење исечкано на парчиња 
  • 55 гр путер 
  • 3 јајца (одвоени белките од жолчките) 
  • 55 гр шеќер во прав 
  • 375 мл слатка павлака

За декорација: чоколадни парчиња

8-10

45

Подготовка

За основата: Рерната се загрева на 175 °C. Заедно се миксираат изблендираните колачи, путерот и шеќерот додека да се добие хомогена смеса. Во кружен плех за торта од смесата се моделира основа која се пече 10 минути. Се остава да се излади комплетно.За чоколадниот мус: Во сад на пареа се растопуваат путерот и чоколадата со постојано мешање. Откако ќе се стопат, смесата се трга од оган и се мати да стане мазна. Се враќа на оган и се додаваат жолчките, една по една, матејќи. Потоа смесата се трга настрана. Во друг сад се матат белките додека да се создаде мек снег, постепено се додава половина од шеќерот и се мати додека да се добие цврст снег. Во чоколадната смеса се додаваат белките и сè се меша. Се додава половина од слатката павлака (претходно изматена) и сè се меша додека да се добие хомогена смеса. Чоколадниот мус се става врз бисквит-основата и се измазнува. Се остава во фрижидер неколку часа. Пред послужување се мати преостанатата павлака и се става врз чоколадниот тарт. Се декорира со парчиња чоколада.
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
МАДЛЕНИ

МАДЛЕНИ

1 шолја Екстра бело брашно тип 400 3 јајца 50 г шеќер кора од портокал 1 лажичка прашок за пециво прстофат сол 6 лажици растопен путер

3090
СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СОСТОЈКИ За два сендвичи: 4 парчиња Бел леб 2 парчиња пилешки стек 1 јајце лебни трошки Жито Лукс 8 парчиња кашкавал чедар неколку паричња (кругови) домати листови зелена салата 1 авокадо 1/2 главица кромид 1/2 домат ситно исечкан сок од 1/2 лимон 1 лажичка букова сол сол и мелен црн пипер по вкус

225
КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

За бисквит основата:  250 гр издробени Меки колачиња со чоко парчиња 6 лажици растопен путер  25 гр шеќер  кора од еден лимон. За фил: 2 жолчки  150 мл кондензирано млеко  30 мл свеж сок од лимон  1 лажичка рендана кора од лимон  170 гр мешано шумско овошје

1235
КИШ

КИШ

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 240 г ладен путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода За фил: 250 г исечкана сланина на коцки 2 лажици маслиново масло 1 средна главица кромид ситно исечкана 3 јајца 2 жолчки 270 мл неутрална павлака 1 лажичка сол 1 лажичка мелен […]

6120
ЗЕЛНИК

ЗЕЛНИК

За тесто: 1кг Екстра бело брашно тип 400 ½ свеж квасец 500 мл вода сол по вкус За фил: 4 страка праз 1 јајце 200 г урда

6-8120
ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

СОСТОЈКИ 1 пакување Бриош леб 250 мл бешамел сос 10-тина парчиња шунка 10-15 парчиња кашкавал 200 г рендан кашкавал мелен црн пипер по вкус

450
ЕКЛЕРИ

ЕКЛЕРИ

За еклерите: 150 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажици шеќер 1 лажичка сол 1/2 пакетче прашок за печиво 120 мл вода 130 мл млеко 130 г путер 5 јајца на собна температура За кремот: 1 1/2 ќесички инстант ванила пудинг 500 мл млеко 1 лажичка екстракт од ванила 3 жолчки 50 г путер […]

20160