КРОАСАНИ

Состојки

12

300

Подготовка

Ставете го најпрво квасецот во водата. Во друг сад ставете ги брашното, шеќерот и солта и добро промешајте. Додадете ја смесата со квасецот и водата и 100 гр путер на собна температура. Месете додека не добиете убаво и меко тесто. Оставете го да нарасне околу 2 часа. Набрашнете ја работната површина и расукајте го тестото правоаголно, со должина од околу 40-50 см и превиткајте го како книга. Оставете го да стаса во фрижидер преку ноќ, завиткано во хартија за свежа храна или пак во најлонска ќеса. Утредента расукајте го повторно во истата должина од 40-50 см, па ставете го путерот на едниот крај и поклопете со тестото. Расукајте го тестото за да се распредели путерот низ целото тесто. (Оваа постапка треба да ви одземе околу 10 минути). Постапката повторете ја три пати, каде што тестото, меѓу секое расукување, ќе се одмора по 20 минути во ладилник. Расукајте правоаголна кора долга 50-60 см и исечете триаголници. Свиткајте во кроасани и оставете ги на тавче за печење да стасаат околу 2 часа на собна температура. Премачкајте со јајце пред печење. Печете 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 190 и печете уште 12 минути или додека не добијат убава златнокафеава боја.
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

1 пакување Пченичен двопек 500г шеќер 1л вода 2 ќесички ванилин шеќер 2 ќесички пудинг од чоколадо 2 ќесички шлаг пена

825
МИНИ ЧИЗКЕЈК СО БОРОВИНКИ

МИНИ ЧИЗКЕЈК СО БОРОВИНКИ

1 пакување Kолачиња со чоколадни парчиња 2 лажици растопен путер  малку сол  230 гр крем-сирење (маскарпоне)  60 гр шеќер  2 лажици свеж сок од лимон  1/2 лажичка екстракт од ванила   2 јајца  150 гр џем од боровинки  300 гр свежи боровинки За декорација: кора од лимета

1245
БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

неколку парчиња ‘Ржан двопек 150 g пршута 300 g чери домати 1 топка моцарела сирење власец (може и магдонос или младо кромитче) маслиново масло 1 чешне лук, сол

450
ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400  200 мл млеко 1 лажица шеќер 1/2 свеж квасец 3 лажици масло за јадење 3 жолчки 150 г шеќер во прав 1 лажичка екстракт од ванила За фил: 100 мл млеко 100 г чоколадо за готвење 100 г шеќер 100 г ситно мелени ореви 2 лажици […]

10150
КАНАПЕИ СО ЛОСОС

КАНАПЕИ СО ЛОСОС

СОСТОЈКИ 1 пакување Бел леб 200 г чаден лосос, или филети лосос испечени и ситно исечкани 5 кисели краставички 3 лажици кисела павлака 2 лажичиња мајонез малку сол малку бибер 1-2 лажици маслиново масло

5-720
Сендвич со туна и црвена пиперка

Сендвич со туна и црвена пиперка

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 200г туна од конзерва; 2 големи лажици нискокалоричен мајонез; 2 свежи главици кромид, ситно исечкани; 1 црвена блага пиперка, ситно исечкана; 1 мала лажица копар, ситно исечкан; сол и свежо мелен бибер; 4 листа марула.

410
Ванила куглоф

Ванила куглоф

За пандишпан: 500 г Екстра бело брашно тип 400 1 кесичка прашок за печиво 400 г шеќер 250 г путер 4 јајца 300 мл млеко 1 пакетче ванилин шеќер кора од лимон и портокал ореви и кандирано овошје по желба

8-1080
СУШИ СЕНДВИЧИ

СУШИ СЕНДВИЧИ

1 пакување  Бел леб со отстранети корки 300г сварена и испасирана пченка 4 големи, тенки парчиња чадена шунка 1 мал изрендан морков 1 мала краставица излупена и исечена на ленти 200 г лосос исечкан на ситни парчиња 2 – 3 листови зелена салата 1 мало авокадо исечкано на тенки ленти

5-730