КРЕМАСТИ КОЛАЧИЊА

Состојки

За кори:

За фил:

  • 120 г Палента
  • 750 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 2 ќесички пудинг
  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 100 г омекнат путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици сок од лимон

12

90

Подготовка

Во длабок сад промешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво, шеќерот во прав, медот и омекнатиот путер. Замесете тесто, свиткајте го во хартија за печење и чувајте го во ладилник додека го подготвувате филот. Во тенџере на оган сварете ги заедно палентата и млекото (750 мл) и додадете шеќер (100 г). Промешајте, и кога палентата ќе биде сварена, покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Во друго тенџере на оган, сварете ги двата пудинга во млекото (500 мл) заедно со шеќерот (5 лажици). Додадете лимон и ванила и промешајте. Кога пудингот ќе се свари, покријте со хартија за свежа храна за да не се формира кора. Кога двата фила (палентата и пудингот) ќе се изладат, промешајте ги посебно со миксер, а потоа соединете ги. Додадете го и путерот и повторно изматете. Филот е веќе готов. Оставете го во ладилник покриен со хартија за свежа храна за да не фати кора. Тестото поделете го на 4 еднакви дела и секој дел расукајте го во кора колку што ќе ви биде тепсијата во која ќе го печете (таа од рерната). Печете ги корите одделно по 7-10 минути на температура од 180 степени. Изладените кори ставете ги во високо тавче и филувајте со ¼ од филот, потоа нанесете од кората, па од филот, кора, па фил и уште еднаш кора и на крајот фил. На крај, покријте со чоколадна глазура (100 гр чоколадо растопено на пареа со 70 гр путер). Декорирајте со парче бадем.
Сендвич со крем-сирење, месо од мисирка и марула

Сендвич со крем-сирење, месо од мисирка и марула

8 парчиња Бел леб 8 парчиња варено мисиркино месо (нискокалорично) 100г крем сирење маслиново масло 1 домат, исечкан на мали парчиња 1 лажица ситно исечкан магдонос сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

410
МИЛИБРОД

МИЛИБРОД

250 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 125 г маргарин на собна температура 70 мл вода За фил: 2 тиквички 2 модри патлиџани 1 домат 200 г свежи шампињони 400 мл доматен сос 1 главица кромид 2 чешниња лук сол и мелен црн пипер по вкус

6-8110
БУРГЕРИ

БУРГЕРИ

1 пакување Интегрален леб со микс од зрна 500 грама говедско мелено месо 1 мал изрендан морков 1 мал исечкан црвен кромид ½ шолја крем-сирење 1 изрендана тиквичка 1 изматено јајце, презла 1 супена лажица сос од домати 1 супена лажица масло домат исечкан на парчиња

440
БРЗА ЗАКУСКА

БРЗА ЗАКУСКА

СОСТОЈКИ 1 Грахам леб 100 гр мајонез 200 гр крем-сирење 1 лажичка ситно исечкан копар сол и мелен црн пипер по вкус 4-5 капки сок од свеж лимон 150 гр пршута

8-1020
РОЛАТ СО РОГАЧ

РОЛАТ СО РОГАЧ

500 г Екстра бело брашно тип 400 50 г шеќер 1 кесичка сув квасец 2 лажици кора од лимон прстофат сол 250 мл млеко 50 г растопен путер 2 жолчки За фил: 120 г рогач 200 мл млеко 100 г сецкани суви смокви 1 лажица рендана кора од лимон прстофат каранфилче во прав 1/2 лажица […]

6-8140
МЕДИТЕРАНСКИ ДОМАШЕН ЛЕБ

МЕДИТЕРАНСКИ ДОМАШЕН ЛЕБ

500 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 1/2 лажичка лук во прав 1 лажичка сув или свеж рузмарин 1 1/2 лажичка буковец 1/2 коцка свеж квасец 350 мл млака вода 100 г зелени маслинки 100 г каламата маслинки

4240
ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење прстофат сол 150 г путер или маргарин За фил: 200 г одмрзнати вишни 1 лажица нишесте 3 лажици шеќер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат цимет

1290
ПЕЧУРКИ ВО ЛИСНАТО ТЕСТО

ПЕЧУРКИ ВО ЛИСНАТО ТЕСТО

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење 150 г путер или маргарин прстофат сол За фил: 250 г свежи шампињони 2 раце свеж спанаќ 1 лажичка сол 1 лажица мешан сув зеленчук 1 лажичка сенф 1 главица ситно исечкан кромид 1 чешне лук […]

690