ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

Состојки

  • 500 г Екстра бело брашно тип 400
  • 250 г млеко
  • 50 мл маслиново масло
  • 1/4 свеж квасец
  • прстофат сол
  • 2 лажички шеќер
  • 150 г рендан кашкавал
  • 20 г рендан пармезан
  • 50 мл доматен сос
  • 100 г кулен
  • јајце за премачкување

10-12

140

Подготовка

Во длабок сад ставете ги брашното, млекото, маслото, квасецот, солта и шеќерот. Замесете меко и глатко тесто и оставете го да стаса околу 1 час на собна температура. Поделете го на мали топчиња, во зависност од големината на тавата. Секое топче расукајте го во малечка кора и во него ставете од ренданиот кашкавал, доматниот сос, пармезан и парчиња кулен. Повторно со помош на дланките, свиткајте го тестото заедно со филот во форма на топче. Ставете ги вака подготвените топчиња во тава (одвоени малку едно од друго) премачкана со масло или путер. Оставете ги топчињата да стасаат 30-тина минути и загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ги со изматено јајце. Печете околу 20-25 минути додека не добијат убава златнокафеава боја.
Just2Good десерт со банана и малини

Just2Good десерт со банана и малини

420
ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА

ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА

200 г Пченкарно брашно 1 ќесичка прашок за печиво 1 шолја масло 4 јајца 1 шолја млеко 1 шолја минерална вода 100 г палента 200 г бело брашно 200 г сирење 400 г спанаќ 1 пиперка

4-645
Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

1225
БРЗА ЗАКУСКА

БРЗА ЗАКУСКА

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 220 мл кисела вода 4 лажици масло за јадење прстофат сол 250 г путер или маргарин За премачкување: 2 лажици кисела павлака 2 лажици сенф 150 г тенки парчиња сланина 1 јајце, лесно изматено со виљушка cусам

6-890
Појадок со јајца и леб на парчиња

Појадок со јајца и леб на парчиња

8 парчиња `Rжан леб 8 јајца 12 тенко исечени парчиња сланина 2 домати исечени на тенки кругови Зелена салата Малку маслиново масло Сол и свежо мелен бибер

415
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

За тесто: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца прстофат сол За фил: 300 г брокула исечкана на мали парчиња 100 г рендан кашкавал 30 г рендан пармезан 200 мл неутрална павлака за готвење 3 парчиња сардини ситно исечкани 50 г исечкани кикирики 3 лажици маслиново масло 2 чешниња лук, сечкан свеж магдонос […]

2-345
ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување мешан Бел тост леб шунка кашкавал путер

715