МИРИСЕН КОЛАЧ

Состојки

  • 250 г Екстра бело брашно тип 400
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка мелено каранфилче
  • 1/2 лажичка мелено мускатно оревче
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 јајца на собна температура
  • 150 г шеќер
  • 170 мл кисела павлака
  • кора од 1 портокал
  • 80 мл сок од портокал
  • 100 г шеќер
  • 60 мл масло за јадење
  • 150 г ореви

20

60

Подготовка

Во сад измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво, циметот, каранфилчето, мускатното оревче и солта. Во друг сад, изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ја киселата павлака заедно со кората од портокал и маслото за јадење. Мешајте додека сите состојки не се соединат. Додадете ги сувите состојки и добро промешајте. Додадете 100 гр од оревите и промешајте. Претурете ја смесата за колачот во тавче 20 х 20 см кое претходно ќе го премачкате со путер или масло за јадење. Исечкајте ги останатите ореви и нанесете ги врз смесата за колачот. Печете го колачот во загреана рерна на 160 степени, околу 35-40 минути. Подгответе сируп на тој начин што во тава на оган ќе го загреете сокот од протокал заедно со 100 гр шеќер. Оставете да врие околу 5-6 минути. Кога колачот ќе биде готов, полејте го со глазурата неколку пати за убаво да се впие внатре.
БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

неколку парчиња ‘Ржан двопек 150 g пршута 300 g чери домати 1 топка моцарела сирење власец (може и магдонос или младо кромитче) маслиново масло 1 чешне лук, сол

450
НОВОГОДИШНИ БРАУНИС

НОВОГОДИШНИ БРАУНИС

180 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 1 лажичка прашок за печиво 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажичка инстант кафе 100 г какао 4 јајца 250 г путер 350 г шеќер 250 г растопено чоколадо За декорација: Перечиња глазура од шеќер во прав и сок од лимон прехрамбена црвена боја

1245
ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

700 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млака вода ¼ од квасец прстофат сол 100 мл масло за јадење За фил 3 страка праз, ситно исечкан 2 лажици масло за јадење 1 јајце 200 г урда или дробено сирење

6-860
ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување мешан Бел тост леб шунка кашкавал путер

715
СЛАДОК КОЛАЧ СО ТИКВИЧКА

СЛАДОК КОЛАЧ СО ТИКВИЧКА

300 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички сода бикарбона ½ лажичка сол 1 лажичка цимет ½ лажичка мелен сув ѓумбир ½ лажичка мускатно оревче малку мелено каранфилче 3 јајца 120 г пире од моркови (сварени и испасирани моркови) 150 г шеќер 120 мл масло за јадење (или растопен путер) 60 мл водa 1 […]

6-860
БРЗА ПИТА

БРЗА ПИТА

За тесто: 18 супени лажици Сенаменско бело брашно 4 јајца 1 чаша млеко 1 чаша масло за јадење 250г бело рендано сирење 1 ќесичка прашок за печиво

6-850
ПРАЗНИЧНИ СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

ПРАЗНИЧНИ СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

250 г Екстра бело брашно тип 400 70 г какао 1 1/2 лажичка сода бикарбона 1 лажичка сол 250 мл млеко 1 лажичка екстракт од ванила 120 г путер на собна температура 200 г шеќер 1 јајце За фил: 250 мл слатка павлака 3 лажици шеќер во прав 4 лажици крем-сирење на собна температура 2 […]

1545
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90