ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ

Состојки

  • 2 лажици Екстра бело брашно тип 400 
  • 1 лажица путер
  • 4 лажици шеќер
  • 1 жолчка
  • 100 г чоколадо за готвење со мин. 60 % какао маса
  • 3 лажици путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 2 белки
  • 50 г шеќер
  • ½ лажичка алкохолен оцет

4

25

Подготовка

Премачкајте со путер два керамички сада за суфле и ставете по 2 лажици шеќер во секој од нив за да се залепи на путерот, а и да спречите суфлето да се залепи на садовите. Во длабок сад ставете го чоколадото и путерот и растопете го на пареа. Промешајте, оладете и додадете 1 жолчка и екстракт од ванила. Додадете го брашното и прстофат сол. Промешајте. Оставете ја оваа смеса на страна.Во длабок сад изматете ги белките заедно со шеќерот и алкохолниот оцет во цврст шлаг. Смесата со изматените белки, вмешувајте ја постепено во чоколадната смеса, така што ќе добиете воздушеста смеса за суфле. Наполнете ги керамичките садови сосема до врвот. Протапкајте ги од работната површина за да излезе воздухот и со помош на шпатула израмнете го целиот врв на керамичкиот сад. Со палецот направете вдлабнатина низ целата површина до самиот раб на керамичкиот сад, длабока 1/2 см. Печете ги во загреана рерна само 13-14 минути на 200 степени. Сервирајте веднаш!
Mини пити

Mини пити

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол240 г путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода. За фил: 1 тиквичка 1 главица кромид 1 пиперка 1 модар домат 1 домат 2 лажици маслиново масло 1 чешне лук 1 лажица мешан сув зеленчук малку мајчина душичка сол и бибер.

4120
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90
МИЛИБРОД

МИЛИБРОД

250 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 125 г маргарин на собна температура 70 мл вода За фил: 2 тиквички 2 модри патлиџани 1 домат 200 г свежи шампињони 400 мл доматен сос 1 главица кромид 2 чешниња лук сол и мелен црн пипер по вкус

6-8110
КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

3-4 парчиња Пченичен двопек 250 g свежи шампињони 1 главица кромид 1 лажица брашно 1 јајце 1,5 l вода 100 ml кисела павлака магдонос маслиново масло сол, сув зачин по желба

430
КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

230 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 350 г суво грозје кора од 3 портокали 300 мл свежо исцеден сок од портокал 1 јајце 150 г мешано суво овошје по желба (урми, смокви, суви сливи, кајсии итн.)

1580
ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

1 пакување  Бел леб 1кг сварен пилешки стек 1 шолја мајонез сок и кора од 1 лимон ситно изрендана 80 г растопен путер 80 г рукола крупно исечкана ¾ шолја ситно исечкани зачински билки (магдонос, нане, копар, босилек) сол и бибер

4-630
ПУДИНГ СО ПАЛЕНТА

ПУДИНГ СО ПАЛЕНТА

1 шолја Палента 1 шолја вода 1 1/2 шолја млеко 1 1/2 шолја бел шеќер 1 стапче цимет 1/2 шолја путер

430
ЧИЗКЕЈК

ЧИЗКЕЈК

За бисквит основата:  200 гр изблендирани Kолачиња со чоколадни парчиња 70 гр омекнат путер  4 ½ лажици шеќер За фил:  230 гр крем-сирење (маскарпоне)  200 гр шеќер во прав  200 мл слатка павлака 1 лажица ванила екстракт 150 гр слатко од јагоди

1040