ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ

Пченкарно брашно

Начин на подготовка

Тавчето за мафини (со дупки)  се премачкува со масло. Во поголем сад  се мешаат: пченкарното брашно, белото брашно, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во помал сад  се матат јајцата со виљушка. Се додаваат пченката, маслото и млекото и сето тоа убаво  се пасира. Оваа смеса потоа  се додва во смесата со брашното и убаво  се промешува. Готовата смеса  се истура во тавчето за мафини. Се пече во загреана рерна на температура од 180-200ºC, околу 20-30 минути.

pchenkarno

Состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја бело брашно
  • 1/4 шолја шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 12 лажици исцедена пченка во зрно
  • 1 1/4 шолја млеко
  • 1/4 шолја масло за јадење