„ПРЕВРТЕНИ“ МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО

Состојки

За тесто:

  • 180 г Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 60 мл врела вода
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 60 г какао
  • 60 мл кисела павлака
  • 60 мл млеко
  • 150 г омекнат путер
  • 200 г шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила

За чоколадниот крем:

  • 100 г чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 40 г путер на собна температура
  • изматена слатка павлака за декорација

6

40

Подготовка

Во длабок сад изматете ги заедно путерот и шеќерот додека не станат пенести. Додадете ги јајцата едно по едно матејќи помеѓу секое додавање. Во друг сад, ставете ги врелата вода, какаото и инстант кафето да се соединат. Во таа смеса додајте ја киселата павлака и млекото и промешајте. Додадете го екстрактот од ванила. Брашното, прашокот за печиво и солта промешајте ги заедно. Во смесата од путерот и јајцата додадете 1/3 од брашното и 1/3 од течните состојки со какао, промешајте и постапката повторете ја уште два пати додавајќи од сувите, па од влажните состојки. Смесата распределете ја во подмачкано тавче за мафини и печете на загреана рерна од 160 степени околу 15-тина минути. Во сад на пареа растопете ги чоколадото, путерот и млекото заедно и оставете ги малку да се изладат. Превртете ги мафините, пресечете ги нараснатите делови за да може да стојат рамно и полејте ги со чоколадната смеса. Декорирајте со изматен шлаг.
ТОРТИЛЈА ФИШЕЦИ

ТОРТИЛЈА ФИШЕЦИ

За тортилја лепчиња: 400 г Екстра бело брашно тип 400 160 мл млака вода прстофат сол 50 мл масло за јадење За крем-салата: 500 г пилешки стек, сварен и исечкан на коцки 5-7 лажици кисела павлака 300 г варена пченка 3 лажици рендан пармезан 150 г сечкани маринирани шампињони сол и мелен црн пипер по […]

640
ЗЕЛНИК

ЗЕЛНИК

За тесто: 1кг Екстра бело брашно тип 400 ½ свеж квасец 500 мл вода сол по вкус За фил: 4 страка праз 1 јајце 200 г урда

6-8120
ПИЦА – ВЕНЕЦ

ПИЦА – ВЕНЕЦ

400 г Екстра бело брашно тип 400 1/3 свеж квасец прстофат сол 2 лажички шеќер 200 мл млако млеко 1 јајце

4-660
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
ПАЛЕНТА СО ДОМАТИ

ПАЛЕНТА СО ДОМАТИ

250 г Палента 1 л млеко малку вода мускатно оревче 2 лажици маслиново масло 100 г кромид 2 чешниња лук 60-100 г трапист кашкавал малку сол црн пипер 1/2 л доматно пире

430
ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење прстофат сол 150 г путер или маргарин За фил: 200 г одмрзнати вишни 1 лажица нишесте 3 лажици шеќер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат цимет

1290
КИШ

КИШ

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 240 г ладен путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода За фил: 250 г исечкана сланина на коцки 2 лажици маслиново масло 1 средна главица кромид ситно исечкана 3 јајца 2 жолчки 270 мл неутрална павлака 1 лажичка сол 1 лажичка мелен […]

6120