ПРАЗНИЧНИ СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

Состојки

  • 250 г Екстра бело брашно тип 400
  • 70 г какао
  • 1 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 250 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 120 г путер на собна температура
  • 200 г шеќер
  • 1 јајце

За фил:

  • 250 мл слатка павлака
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 4 лажици крем-сирење на собна температура
  • 2 лажички екстракт од ванила

15

45

Подготовка

Во длабок сад најпрво изматете го путерот, па додадете го шеќерот. По 5 минути матење, додадете го јајцето и продолжете да матите додека целата смеса не стане хомогена. Додадете го екстрактот од ванила и промешајте. Во длабок сад измешајте ги заедно брашното, какаото, содата и солта. Постепено додавајте во садот со путерот од сувите состојки и од млекото матејќи помеѓу секое додавање се додека не ги потрошите состојките. Со помош на лажица за сладолед, од смесата нанесете на тавчиња обложени со хартија, но распределени околу 5-8 см едно од друго бидејќи при печењето тие се шират. Печете ги сендвич колачињата во загреана рерна на 170 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат. За филот: со помош на миксер изматете ги сите состојки заедно додека да добиете убав густ фил и нанесете го на едно колаче. Поклопете со друго колаче така што ќе формирате сендвич колачиња. По желба декорирајте со глазура од шеќер во прав и лимон. По желба користете и прехрамбена боја во глазурата.
КОЛАЧ СО АФИОН

КОЛАЧ СО АФИОН

4 чаши Пекарско брашно тип 500 2 чаши млеко 2 чаши шеќер 2 чаши масло за јадење 100г афион во зрно 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво

6-850
ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење прстофат сол 150 г путер или маргарин За фил: 200 г одмрзнати вишни 1 лажица нишесте 3 лажици шеќер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат цимет

1290
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
КАНАПЕИ СО ЛОСОС

КАНАПЕИ СО ЛОСОС

СОСТОЈКИ 1 пакување Бел леб 200 г чаден лосос, или филети лосос испечени и ситно исечкани 5 кисели краставички 3 лажици кисела павлака 2 лажичиња мајонез малку сол малку бибер 1-2 лажици маслиново масло

5-720
НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

СОСТОЈКИ 1 пакување ‘Ржан леб 4-5 парчиња 6 јајца 250 мл млеко 250 г кашкавал 1 главица кромид 100 г кашкавал чедар.

4-6180
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И КАЈСИИ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И КАЈСИИ

15 парчиња Пченичен двопек 1 конзерва компот од кајсии 125 g путер 125 g шеќер 3 јајца 100 g брашно, малку сол 2 лажици прашок за печиво 100 g мармалад од кајсии неколку бадеми за декорирање

660
БРУСКЕТИ СО ТУНА, ПИПЕРКА И БЛИТВА

БРУСКЕТИ СО ТУНА, ПИПЕРКА И БЛИТВА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 1 конзерва туна 2-3 зелени пиперки неколку листови блитва маслиново масло лимонов сок (1/2 лимон) сол, бибер, лук

325
ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

За тесто: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца прстофат сол За фил: 300 г брокула исечкана на мали парчиња 100 г рендан кашкавал 30 г рендан пармезан 200 мл неутрална павлака за готвење 3 парчиња сардини ситно исечкани 50 г исечкани кикирики 3 лажици маслиново масло 2 чешниња лук, сечкан свеж магдонос […]

2-345