ЊОКИ

Состојки

  • околу 400-600 г Екстра бело брашно тип 400 (во зависност од големината на јајцата)
  • 1 кг варени компири
  • 3 јајца
  • 50 мл маслиново масло
  • сол по вкус

За пропржување:

  • 3 лажици путер

За сос:

  • 500 мл доматен сос
  • 1 чешне лук
  • 50 г рендан пармезан
  • 3 лажици маслиново масло

4-6

90

Подготовка

Замесете тесто од сите овие состојки. Испасирајте ги компирите, додадете ги јајцата, солта и маслиновото масло. По потреба, додавајте го брашното треба да добиете меко тесто. Поделете го тестото на повеќе делови и сечете ги њоките по желба. Можете да ги пресечете како на сликата и со виљушка да ги притиснете за да имаат убав изглед. Извалкајте ги во брашно и ставете ги да се варат во зовриена вода со сол (околу 2,5 л вода) да околу 3-4 минути. Кога ќе испливаат на површината значи дека се готови. Во тава на оган загрејте го путерот и ставете ги њоките да се пропржат од двете страни по 2 минути додека не добијат убава кора на нивната површина. Подготовка на сосот: Во истата тава, каде што се пржеа њоките, загрејте маслиново масло и додадете го лукот да се пропржи само малку за да ги пушти своите ароми (околу 1 минута). Потоа додадете го доматниот сос и на тивок оган оставете да крчка околу 10-тина минути. Пред да биде готово, додадете уште една лажица маслиново масло и рендан пармезан. Промешајте и во него додадете ги њоките за да го апсорбираат сосот. Сервирајте во чинија со свеж или сув босилек.
Mини пити

Mини пити

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол240 г путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода. За фил: 1 тиквичка 1 главица кромид 1 пиперка 1 модар домат 1 домат 2 лажици маслиново масло 1 чешне лук 1 лажица мешан сув зеленчук малку мајчина душичка сол и бибер.

4120
ПИЛЕШКА САЛТИНБОКА ФОКАЧА

ПИЛЕШКА САЛТИНБОКА ФОКАЧА

За мини фокачи: 400 г Екстра бело брашно тип 400 200 мл млака вода 1/4 свеж квасец 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол За пилешко во сланина: 4 парчиња пилешко бело месо 12 големи парчиња сланина босилек кора од 1 лимон сол и мелен црн пипер масло за јадење

480
ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување мешан Бел тост леб шунка кашкавал путер

715
ТОРТА ОД БЕЛА ЧОКОЛАДА И МАЛИНИ

ТОРТА ОД БЕЛА ЧОКОЛАДА И МАЛИНИ

За бисквит основата:  350 г изблендирани Kолачиња со чоколадни парчиња 125 г омекнат путер  4½ лажици шеќер За фил: 250 мл млеко  230 мл слатка павлака  1 ванилин шеќер  25 г шеќер во прав  5 жолчки  2 лажици Пченкарно брашно Жито Лукс  1 лажица Екстра бело брашно Жито Лукс 200 г крупно сечкана бела чоколада […]

1260
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
Рипчиња сендвичи

Рипчиња сендвичи

1 пакување Бел леб 2 конзерви туна од 180 г 1 стапче целер,ситно исечкано 2 супени лажици мајонез 1 многу тенко и дијагонално краставица марула

5-720
КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

За бисквит основата:  250 гр издробени Меки колачиња со чоко парчиња 6 лажици растопен путер  25 гр шеќер  кора од еден лимон. За фил: 2 жолчки  150 мл кондензирано млеко  30 мл свеж сок од лимон  1 лажичка рендана кора од лимон  170 гр мешано шумско овошје

1235
НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

СОСТОЈКИ 1 пакување ‘Ржан леб 4-5 парчиња 6 јајца 250 мл млеко 250 г кашкавал 1 главица кромид 100 г кашкавал чедар.

4-6180