ЕКЛЕРИ

Состојки

За еклерите:

  • 150 г Екстра бело брашно тип 400
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 120 мл вода
  • 130 мл млеко
  • 130 г путер
  • 5 јајца на собна температура

За кремот:

  • 1 1/2 ќесички инстант ванила пудинг
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 жолчки
  • 50 г путер
  • 200 мл слатка павлака или 2 ќесички шлаг-пена

За чоколадната глазура:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 50 г путер

20

160

Подготовка

Најпрво подгответе го кремот за да може да се олади. Во тенџере на оган, ставете го млекото да се загрее, а настрана промешајте го пудингот од ванила, жолчките, екстрактот од ванила и малку од ладното млеко. Кога млекото ќе започне да врие, додадете ја смесата со пудингот и константно промешувајте. Тргнете го настрана и додадете го путерот, промешајте да се растопи и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора додека комплетно не се излади. Изматете ја слатката павлака или прашокот за шлаг и промешајте го во изладениоот пудинг. Оставете да се олади околу 1 час додека ги подготвите еклерите. За еклерите: Во тава на оган ставете ја водата, млекото, шеќерот и солта да зовријат. Додадете го брашното заедно со прашокот за печиво. Со дрвена лажица промешувајте и намалете ја температурата на средно. Треба да се оформи топка од тестото. Тргнете го настрана и додадете ги јајцата, промешувајќи помеѓу секое додавање. Вака подготвената смеса префрлете ја во готварски шприц со кружен отвор. Формирајте ги еклерите на хартија за печење обложена во тавче. Оформените еклери набрашнете ги со шеќер во прав пред да ги печете. Печете ги во загреана рерна на 230 степени 5 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 30 минути. Не отварајте ја рерната додека еклерите се печат. Оставете 15 минути да се изладат. Направете две или три дупчиња на секој еклер од долната страна и со помош на готварски шприц нанесете во секое дупче за да може филот рамномерно да се распредели. Растопете ја чоколадата заедно со путерот и секој еклер со предната страна потопете го во чоколадната глазура.
БРЗИ БРУСКЕТИ

БРЗИ БРУСКЕТИ

8 парчиња ‘Ржан двопек 4 чешниња лук 2 лажици маслиново масло 4 црвени печени пиперки 200 g сирење магдонос

410
МАДЛЕНИ

МАДЛЕНИ

1 шолја Екстра бело брашно тип 400 3 јајца 50 г шеќер кора од портокал 1 лажичка прашок за пециво прстофат сол 6 лажици растопен путер

3090
СУШИ СЕНДВИЧИ

СУШИ СЕНДВИЧИ

1 пакување  Бел леб со отстранети корки 300г сварена и испасирана пченка 4 големи, тенки парчиња чадена шунка 1 мал изрендан морков 1 мала краставица излупена и исечена на ленти 200 г лосос исечкан на ситни парчиња 2 – 3 листови зелена салата 1 мало авокадо исечкано на тенки ленти

5-730
ПЕРЕЦИ

ПЕРЕЦИ

За тестото 1кг Екстра бело брашно тип 400 1 маргарин за готвење 250мл масло за јадење 150мл јогурт 1 лажичка сол 3 жолчки од јајца 1 ќесичка прашок за печиво За премачкување 3 белки сусам сол

30
Чоколадни коцки со ванила-крем

Чоколадни коцки со ванила-крем

За пандишпaн: 190 г Екстра бело брашно tип 400 9 јајца 250 г шеќер 2 лажички прашок за печиво 100 г какао 3 лажици масло за јадење. За фил: 800 мл млеко 3 пудинга од ванила 130 г шеќер 2 пакетчиња шеќер од ванила 180 г путер За глазура: 200 г чоколадо за готвење 5 […]

10-1260
Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

4-615
ЛЕБ

ЛЕБ

1кг Пекарско брашно тип 500; 30г свеж квасец; 20г сол; 10г шеќер; околу 580мл вода.

4140
ДВОПЕК-ПИЦА

ДВОПЕК-ПИЦА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 150-300 ml млака вода неколку парчиња шунка и кашкавал печурки, маслинки 1 свежа пиперка 1-2 јајца (по желба) пасирани домати (или кечап) оригано

225