ДОМАШНА ПИТА

Состојки

За тесто:

  • 700г Сенаменско брашно
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол

Фил по желба.

8

90

Подготовка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата. Се меси за да се соедини убаво целата маса сè додека тестото не почне да се одвојува од садот. Потоа  убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посипување  со брашно, при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од маслото и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност одрерната. Откако питата ќе се извади од рерната, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ

ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ

1 шолја 275 г Пченкарно брашно 1 шолја бело брашно 1/4 шолја шеќер 1 лажичка прашок за печиво 1 лажичка сол 2 јајца 12 лажици исцедена пченка во зрно 1 1/4 шолја млеко 1/4 шолја масло за јадење

635
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И КАЈСИИ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И КАЈСИИ

15 парчиња Пченичен двопек 1 конзерва компот од кајсии 125 g путер 125 g шеќер 3 јајца 100 g брашно, малку сол 2 лажици прашок за печиво 100 g мармалад од кајсии неколку бадеми за декорирање

660
Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 1 зелена, 1 портокалова и 1 црвена блага пиперка, ситно исечкани 100г Гауда кашкавал, исечен на коцки 2 лажици ситно исечкани маслинки ситно сечкан свеж магдонос сол и свежо мелен бибер

420
Сендвич со домати, оригано, копар и фета

Сендвич со домати, оригано, копар и фета

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 150г рендано фета сирење 2 лажички зрна копар, исечкан на мали парчиња 2 домати, исечкани на коцки оригано сол и свежо мелен бибер 4 листа зелена салата

410
НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ

НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 220 мл кисела вода 4 лажици масло за јадење прстофат сол 250 г путер или маргарин За премачкување: 150 г сланина исечкана на тенки парчиња 1 изматено јајце 1-2 лажици сенф

8-1090
Жито Лукс рецепт – Лосос со интегрален леб

Жито Лукс рецепт – Лосос со интегрален леб

320
БАСТУНЧЕ ПОЛНЕТО СО МЕЛЕНО МЕСО

БАСТУНЧЕ ПОЛНЕТО СО МЕЛЕНО МЕСО

За тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 100 мл млеко 50 мл масло за јадење 1 белка сол по вкус 1 лажичка шеќер 1 пакетче сув квасец За фил со мелено месо: 250 г мелено месо 1 главица кромид, ситно исечкана сол и мелен црн пипер по вкус 1 лажица шарена сол масло […]

4-6120