ЛИСНАТИ ПОЛЖАВИ

Состојки

  • 300 г Екстра бело брашно тип 400
  • 150 мл вода
  • 120 г растопен путер
  • 1 лажица сол

За смеса со путер:

  • 180 г Екстра бело брашно тип 400
  • 400 г путер

За филот:

  • 200 г парчиња кашкавал
  • 200 г парчиња шунка
  • 50 г сечкани ф’стаци
  • 100 г доматен сос
  • 1 јајце за премачкување

8-10

300

Подготовка

Брашното, водата и растопениот путер се мешаат за да се добие меко тесто кое се остава во ладилник 2-3 часа. Се мешаат брашното и путерот за да се добие тесто, кое се става помеѓу две хартии за печење за да се оформи квадрат. Се остава во ладилник 20 минути за да се стегне путерот. Првото тесто долгнавесто се расукува, а потоа и мрсното тесто во иста форма и должина. На работната прво се става мрсното тесто, па врз него првото тесто. Се преклопува 3 пати и се остава да одмори 1 час во ладилник. Од вака добиеното тесто се расукува долгнавеста кора која се преклопува на половина, па уште еднаш на половина. Се остава во ладилник 1 час. Постапката се повторува уште еднаш. Од добиеното лиснато тесто се формира долгнавеста кора со дебелина од 0,5 см. Кората се премачкува со доматниот сос и се редат парчињата шунка и кашкавал и се наросува со сечканите ф'стаци. Кората се витка во ролат од едната страна до половина, па од другата страна до средината. Со нож се сечат парчиња кои се редат во плех и се печат на 200°С, 15-20 минути.
ЧОКОЛАДНИ ТАРТЛЕТИ

ЧОКОЛАДНИ ТАРТЛЕТИ

За бисквит основата: 3 пакувања дробени Колачиња со какао и чоколадни парчиња 70 гр путер За фил: 115 мл слатка павлака  100 гр чоколадо

845
Бела магија

Бела магија

За пандишпан: 15 лажици Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 5 јајца 15 лажици шеќер 15 лажици масло 15 лажици млеко 1 ќесичка ванилин шеќер За фил: 250 мл слатка павлака 1 ќесичка желатин 1 лажичка екстракт од ванила 200 г јагоди

8-1075
ТАРТ ОД ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

ТАРТ ОД ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

За бисквит основата:  250 гр изблендирани Колачиња со чоколадни парчиња и лешници 80 гр омекнат путер 2 лажици шеќер 1 пакетче цимет За фил:  350 мл млеко со ниска масленост   6 жолчки  150 гр мед  ½ лажичка сол  1 лажичка екстракт од ванила За декорација: 2 јаболка исечкани на тенки ливчиња (се чуваат во лимонова […]

850
ТАРТ СО ЧОКОЛАДЕН МУС

ТАРТ СО ЧОКОЛАДЕН МУС

За основата:  200 гр изблендирани Колачиња со какао и чоколадни парчиња 70 гр омекнат путер  2 лажици шеќер За чоколадниот мус:  225 гр чоколадо за готвење исечкано на парчиња  55 гр путер  3 јајца (одвоени белките од жолчките)  55 гр шеќер во прав  375 мл слатка павлака За декорација: чоколадни парчиња

8-1045
ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

За тесто: 800 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млеко 2 јајца 1 белка од јајце 1 жолчка за премачкување 50 мл масло за јадење 50 мл јогурт 30 г свеж квасец 2 лажички сол 1 лажица шеќер За фил: 150 г путер или маргарин 300 г урда

4-6150
СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

За тесто: 500г Сенаменско брашно 2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто) 2 лажички сол 1 супена лажичка рум или коњак 4 лажички прашок за печиво 1 маргарин за готвење 1 филџан кисело млеко 1 филџан масло за јадење За декорација: Белка од 1 јајце половина лажиче сол 100г сусам

45
ПАЛЕНТА СО ПАРМЕЗАН

ПАЛЕНТА СО ПАРМЕЗАН

170 г Пченкарно брашно; 600 мл вода; 600 мл млеко; 40 г рендан пармезан; 40 г путер. За сосот: малку крупна сол; 60 г свеж босилек; 100 г рендан пармезан; 150 мл масло.

225
ДВОПЕК-ПИЦА

ДВОПЕК-ПИЦА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 150-300 ml млака вода неколку парчиња шунка и кашкавал печурки, маслинки 1 свежа пиперка 1-2 јајца (по желба) пасирани домати (или кечап) оригано

225