КРОСТАТА (CROSTATTA)

Состојки

  • 350 г Екстра бело брашно тип 400
  • 250 г нерастопен путер исечкан на коцки
  • 1 жолчка
  • 100 г шеќер во прав
  • 30-40 мл студена вода
  • 1 тегла џем од кајсии

6

120

Подготовка

Во длабок сад замешајте го путерот со брашното, солта и шеќерот за да добиете конзистенција на песок. Додадете ја жолчката и студената вода и замесете. Тестото завиткајте го во хартија за печење во форма на диск и оставете во ладилник да се стегне околу 40-тина минути. Расукајте кора и ставете го во округла тава. Вишокот од тесто, пресечете го и вратете го во ладилник околу 30-тина минути. Загрејте ја рерната на 170 степени. Пред да го ставите да се пече, на неколку места прободете го со виљушка за да не се надигне при печењето. Печете околу 10-тина минути на 170 степени. Извадете го жешкото тесто и врз него ставете го џемот од кајсии добро промешан. Одозгора ставете од останатото тесто испреплетено во цикцак ефект. Премачкајте ја кората со жолчка и печете уште 15-тина минути додека не зарумени убаво. Оладете ја питата комплетно и сервирајте ја ладна.
ПЕЧУРКИ ВО ЛИСНАТО ТЕСТО

ПЕЧУРКИ ВО ЛИСНАТО ТЕСТО

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење 150 г путер или маргарин прстофат сол За фил: 250 г свежи шампињони 2 раце свеж спанаќ 1 лажичка сол 1 лажица мешан сув зеленчук 1 лажичка сенф 1 главица ситно исечкан кромид 1 чешне лук […]

690
КОЛАЧ СО КРУШИ

КОЛАЧ СО КРУШИ

270 г Екстра бело брашно тип 400 20 г какао 20 г нишесте 1 прашок за печиво 200 г путер 100 г шеќер во прав 1 банана 5 јајца 1 лажичка екстракт од ванила 3 круши

6-850
Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

830
ПРАЗНИЧНА ПОГАЧА

ПРАЗНИЧНА ПОГАЧА

500 г Екстра бело брашно тип 400 200 мл млеко 1 белка 50 мл масло за јадење 20 г свеж квасец 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол јајце за премачкување сусам и мак за декорација 100 г омекнат путер

6-8180
БРЗА ЗАКУСКА

БРЗА ЗАКУСКА

СОСТОЈКИ 1 Грахам леб 100 гр мајонез 200 гр крем-сирење 1 лажичка ситно исечкан копар сол и мелен црн пипер по вкус 4-5 капки сок од свеж лимон 150 гр пршута

8-1020
БУРГЕРИ

БУРГЕРИ

1 пакување Интегрален леб со микс од зрна 500 грама говедско мелено месо 1 мал изрендан морков 1 мал исечкан црвен кромид ½ шолја крем-сирење 1 изрендана тиквичка 1 изматено јајце, презла 1 супена лажица сос од домати 1 супена лажица масло домат исечкан на парчиња

440
ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400  200 мл млеко 1 лажица шеќер 1/2 свеж квасец 3 лажици масло за јадење 3 жолчки 150 г шеќер во прав 1 лажичка екстракт од ванила За фил: 100 мл млеко 100 г чоколадо за готвење 100 г шеќер 100 г ситно мелени ореви 2 лажици […]

10150
ШАРЕНА СОЛЕНА ТОРТА

ШАРЕНА СОЛЕНА ТОРТА

СОСТОЈКИ 1 пакување Бел леб За црвена крем-салата: 1 тегла цвекло, ситно исечкано 3 варени јајца 6-7 лажици мајонез 1 лажица кисела павлака сол и мелен црн пипер по вкус За бела крем-салата: 2 пилешки стека, сварени и исечкани на коцки 1 мала конзерва грашок 2 компира, сварени и ситно исечкани 2 јајца варени и […]

1260