„ПРЕВРТЕНИ“ МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО

Состојки

За тесто:

  • 180 г Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 60 мл врела вода
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 60 г какао
  • 60 мл кисела павлака
  • 60 мл млеко
  • 150 г омекнат путер
  • 200 г шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила

За чоколадниот крем:

  • 100 г чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 40 г путер на собна температура
  • изматена слатка павлака за декорација

6

40

Подготовка

Во длабок сад изматете ги заедно путерот и шеќерот додека не станат пенести. Додадете ги јајцата едно по едно матејќи помеѓу секое додавање. Во друг сад, ставете ги врелата вода, какаото и инстант кафето да се соединат. Во таа смеса додајте ја киселата павлака и млекото и промешајте. Додадете го екстрактот од ванила. Брашното, прашокот за печиво и солта промешајте ги заедно. Во смесата од путерот и јајцата додадете 1/3 од брашното и 1/3 од течните состојки со какао, промешајте и постапката повторете ја уште два пати додавајќи од сувите, па од влажните состојки. Смесата распределете ја во подмачкано тавче за мафини и печете на загреана рерна од 160 степени околу 15-тина минути. Во сад на пареа растопете ги чоколадото, путерот и млекото заедно и оставете ги малку да се изладат. Превртете ги мафините, пресечете ги нараснатите делови за да може да стојат рамно и полејте ги со чоколадната смеса. Декорирајте со изматен шлаг.
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
БУРГЕРИ

БУРГЕРИ

400 г Екстра бело брашно тип 400 2 пакетчиња сув квасец 2 лажици шеќер 2 лажички сол 180 мл млака вода 2 јајца 2 лажици маслиново масло За плескавици: 1 ситно исечкана главица кромид 1 чешне лук, ситно исечкано 2 лажици паста од домати 1 лажица сенф 1 јајце 1 лажица оригано 1 лажица мајчина […]

5-7140
Сендвич со домати, оригано, копар и фета

Сендвич со домати, оригано, копар и фета

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 150г рендано фета сирење 2 лажички зрна копар, исечкан на мали парчиња 2 домати, исечкани на коцки оригано сол и свежо мелен бибер 4 листа зелена салата

410
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

3 пакувања Меки колачиња со чоко парчиња 2 жолчки  4 лажици шеќер  200 гр чоколадо за готвење  250 гр путер  100 мл млеко  малку рум  100 гр сецкано суво грозје  100 гр ситно сечкано желе  100 гр сечкани ореви

45
Печен леб со фета сирење и домати

Печен леб со фета сирење и домати

8 парчиња `Rжан леб 3 рендани домати 200г рендано фета сирење оригано маслиново масло сол и свежо мелен бибер

415
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
ДОМАШНИ ТЕСТЕНИНИ

ДОМАШНИ ТЕСТЕНИНИ

За тестенини: 100 г Екстра бело брашно тип 400 1 јајце прстофат сол За сос: 40 г рендан пармезан 1/2 лажичка мелен црн бибер маслиново масло

230
ПАЛЕНТА СО ДОМАТИ

ПАЛЕНТА СО ДОМАТИ

250 г Палента 1 л млеко малку вода мускатно оревче 2 лажици маслиново масло 100 г кромид 2 чешниња лук 60-100 г трапист кашкавал малку сол црн пипер 1/2 л доматно пире

430