Исцедете ги парчињата туна. Исечкајте ги кромидот и пиперката. Помешајте ја туната со мајонезот и додајте го кромидот, пиперката, копарот, солта и биберот. Намачкајте половина од парчињата леб со оваа смеса, додадете лист марула и прекријте го секое парче со друго парче леб.
Ако сакате да го земете овој сендвич за на работа, оставете ги парчињата туна од конзерва да се цедат во текот на ноќта за да не биде влажен лебот.