ДВОПЕК СО ПАРМЕЗАН

Бел двопек

Начин на подготовка

Во чинија се мешаат путерот и сенфот. Секое парче двопек се премачкува со смесата од путер и сенф, а одозгора се посипуваат ренданиот пармезан и ориганото. Се потпечува во рерна на 180о С, од 5 до 10 минути, за да се растопи пармезанот. Готовите парчиња се служат топли.

bel_pchenichen_dvopek

Состојки

  • 4 парчиња двопек
  • 6 лажици рендан пармезан
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица сенф
  • 1/2 лажица оригано