„ПРЕВРТЕНИ“ МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО

Состојки

За тесто:

  • 180 г Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 60 мл врела вода
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 60 г какао
  • 60 мл кисела павлака
  • 60 мл млеко
  • 150 г омекнат путер
  • 200 г шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила

За чоколадниот крем:

  • 100 г чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 40 г путер на собна температура
  • изматена слатка павлака за декорација

6

40

Подготовка

Во длабок сад изматете ги заедно путерот и шеќерот додека не станат пенести. Додадете ги јајцата едно по едно матејќи помеѓу секое додавање. Во друг сад, ставете ги врелата вода, какаото и инстант кафето да се соединат. Во таа смеса додајте ја киселата павлака и млекото и промешајте. Додадете го екстрактот од ванила. Брашното, прашокот за печиво и солта промешајте ги заедно. Во смесата од путерот и јајцата додадете 1/3 од брашното и 1/3 од течните состојки со какао, промешајте и постапката повторете ја уште два пати додавајќи од сувите, па од влажните состојки. Смесата распределете ја во подмачкано тавче за мафини и печете на загреана рерна од 160 степени околу 15-тина минути. Во сад на пареа растопете ги чоколадото, путерот и млекото заедно и оставете ги малку да се изладат. Превртете ги мафините, пресечете ги нараснатите делови за да може да стојат рамно и полејте ги со чоколадната смеса. Декорирајте со изматен шлаг.
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

3 пакувања Меки колачиња со чоко парчиња 2 жолчки  4 лажици шеќер  200 гр чоколадо за готвење  250 гр путер  100 мл млеко  малку рум  100 гр сецкано суво грозје  100 гр ситно сечкано желе  100 гр сечкани ореви

45
ЊОКИ

ЊОКИ

околу 400-600 г Екстра бело брашно тип 400 (во зависност од големината на јајцата) 1 кг варени компири 3 јајца 50 мл маслиново масло сол по вкус За пропржување: 3 лажици путер За сос: 500 мл доматен сос 1 чешне лук 50 г рендан пармезан 3 лажици маслиново масло

4-690
МОНСТЕР СЕНДВИЧИ

МОНСТЕР СЕНДВИЧИ

СОСТОЈКИ Неколку парчиња Интегрален леб со микс од зрна 2-3 лажички сенф тенки парчиња шунка кашкавал зелени маслинки со пиперка

220
Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

1225
ЛИСНАТА ПИТА СО КАЈСИИ

ЛИСНАТА ПИТА СО КАЈСИИ

За тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење прстофат сол 150 г путер или маргарин За фил: 1 тегла компот од кајсии (само половинки убаво исушени со помош на кујнски бришач) 3 лажици џем од кајсии 2 лажици шеќер 1 жолчка изматена со 1 лажичка […]

690
ЦЕЗАР САЛАТА

ЦЕЗАР САЛАТА

2 парчиња Пченичен двопек 200 g бело пилешко месо (стек) 30 g пармезан 3 чешниња лук зелена салата 2-4 чери домати сок од 1 лимон павлака мајонез маслиново масло сол бибер

220
ЛИСНАТИ СО МАСКАРПОНЕ И СПАНАЌ

ЛИСНАТИ СО МАСКАРПОНЕ И СПАНАЌ

300 г Екстра бело брашно тип 400 150 мл вода 120 г растопен путер 1 лажица сол За смеса со путер: 400 г путер 180 г Екстра бело брашно тип 400 За фил: 150 г маскарпоне 1 јајце 100 г рендан кашкавал сол и мелен црн пипер 50 г свеж млад спанаќ 4 црвени пиперки […]

8-10240
ЖЕЛЕ РОЛАТ

ЖЕЛЕ РОЛАТ

СОСТОЈКИ 1 пакување Kолачиња со какао и чоколадни парчиња 150 г растопен путер 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажица какао 250 мл млеко 2 ќесички шлаг-пена 1 пакетче желатин растворен во вода и растопен на пареа желе-бонбони во различни бои

10300