ПРАЗНИЧНА ПОГАЧА

Состојки

  • 500 г Екстра бело брашно тип 400
  • 200 мл млеко
  • 1 белка
  • 50 мл масло за јадење
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • јајце за премачкување
  • сусам и мак за декорација
  • 100 г омекнат путер

6-8

180

Подготовка

Во длабок сад ставете ги сите состојки, освен јајцето за премачкување, путерот, сусамот и макот за декорацијата. Замесете тесто и оставете го да стаса на собна температура околу 70-тина минути. Размесете го тестото и поделете го на два дела. Расукајте две округли кори. Едната премачкајте ја со путерот и поклопете со другата кора. Пресечете ги корите на 16 еднакви дела. Секој дел виткајте во кифлички и ставајте ги во претходно премачкано тавче на механизам. Оставете да стаса околу 30 минути, а за тоа време, загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ја погачата со јајцето, наросете сусам и мак и печете околу 30-40 минути додека не добие убава златно-кафеава боја
КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

230 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 350 г суво грозје кора од 3 портокали 300 мл свежо исцеден сок од портокал 1 јајце 150 г мешано суво овошје по желба (урми, смокви, суви сливи, кајсии итн.)

1580
Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

Жито Лукс рецепт – Бомбици со Нутри колачи

830
ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

700 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млака вода ¼ од квасец прстофат сол 100 мл масло за јадење За фил 3 страка праз, ситно исечкан 2 лажици масло за јадење 1 јајце 200 г урда или дробено сирење

6-860
БРЗА ЗАКУСКА

БРЗА ЗАКУСКА

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 220 мл кисела вода 4 лажици масло за јадење прстофат сол 250 г путер или маргарин За премачкување: 2 лажици кисела павлака 2 лажици сенф 150 г тенки парчиња сланина 1 јајце, лесно изматено со виљушка cусам

6-890
НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

НЕОБИЧЕН ДОРУЧЕК

СОСТОЈКИ 1 пакување ‘Ржан леб 4-5 парчиња 6 јајца 250 мл млеко 250 г кашкавал 1 главица кромид 100 г кашкавал чедар.

4-6180
ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 50 мл маслиново масло 1/4 свеж квасец прстофат сол 2 лажички шеќер 150 г рендан кашкавал 20 г рендан пармезан 50 мл доматен сос 100 г кулен јајце за премачкување

10-12140
КОЛАЧ СО АФИОН

КОЛАЧ СО АФИОН

4 чаши Пекарско брашно тип 500 2 чаши млеко 2 чаши шеќер 2 чаши масло за јадење 100г афион во зрно 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво

6-850
БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА

БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА

240 г Екстра бело брашно тип 400 1 ½ лажичка прашок за печиво 1 ½ лажичка сол 70 г шеќер во прав 120 г омекнат путер 400 г шеќер 250 г растопена чоколада со минимум 70 % какао 1 лажичка еспресо 3 јајца 1 лажичка екстракт од ванила

8-1085