ПЕЧУРКИ ВО ЛИСНАТО ТЕСТО

Состојки

За лиснато тесто:

За фил:

  • 250 г свежи шампињони
  • 2 раце свеж спанаќ
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица мешан сув зеленчук
  • 1 лажичка сенф
  • 1 главица ситно исечкан кромид
  • 1 чешне лук ситно исечкано
  • мелен црн пипер по вкус

6

90

Подготовка

Најпрво замесете тесто од брашното, киселата вода и прстофат сол. Расукајте правоаголна форма од тестото и премачкајте го со половина од путерот или маргаринот. Здиплете го тестото на тој начин што ќе оформите коцка и оставете го 20 минути во замрзнувач да се стегне. Повторно расукајте го тестото во правоаголна форма дебела 1 см. Нанесете ја другата половина од маргаринот или путерот и здиплете го повторно во коцка. Оставете 20 минути во замрзнувач да одмори. За тоа време подгответе го филот со печурки. Во тава на оган со малку масло испржете ги ситно исечканиот кромид, свежите шампињони, лукот и спанаќот. Додајте сол и мешан сув зеленчук. Пред да го тргнете од оган, промешувајте константно околу 8-10 минути и додајте го сенфот и мелениот црн пипер. Тестото поделете го на два еднакви дела и расукајте ги во правоаголна форма како на фотографијата. Врз првиот дел додадете го филот кој претходно ќе го изладите. Поклопете со преостанатата кора и стиснете ги краевите со помош на виљушка. Пред печење, по желба премачкајте го со изматено јајце. Печете го ова лиснато печиво околу 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете 5 минути да се излади пред да го сервирате
СУШИ СЕНДВИЧИ

СУШИ СЕНДВИЧИ

1 пакување  Бел леб со отстранети корки 300г сварена и испасирана пченка 4 големи, тенки парчиња чадена шунка 1 мал изрендан морков 1 мала краставица излупена и исечена на ленти 200 г лосос исечкан на ситни парчиња 2 – 3 листови зелена салата 1 мало авокадо исечкано на тенки ленти

5-730
РОЗИ СО МАСЛИНКА

РОЗИ СО МАСЛИНКА

600 г Екстра бело брашно тип 400 250 мл млака вода сол по вкус 15 г свеж квасец 1 лажичка шеќер 70 мл масло за јадење зелени маслинки со пиперка, пресечени на половина сусам

5-8120
КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

За бисквит основата:  250 гр издробени Меки колачиња со чоко парчиња 6 лажици растопен путер  25 гр шеќер  кора од еден лимон. За фил: 2 жолчки  150 мл кондензирано млеко  30 мл свеж сок од лимон  1 лажичка рендана кора од лимон  170 гр мешано шумско овошје

1235
КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

230 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 350 г суво грозје кора од 3 портокали 300 мл свежо исцеден сок од портокал 1 јајце 150 г мешано суво овошје по желба (урми, смокви, суви сливи, кајсии итн.)

1580
ЛИНЦЕР КОЛАЧИ

ЛИНЦЕР КОЛАЧИ

120 г Екстра бело брашно тип 400 180 г путер 100 г шеќер во прав кора од 1 лимон 1 жолчка 1 лажичка екстракт од ванила 100 г ситно мелени бадеми прстофат сол За декорација: џем од јагоди шеќер во прав

25150
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

СОСТОЈКИ 1 пакување Kолачиња со какао и чоколадни парчиња 100 г кокос 3 лажички какао 5 лажици мед 5 лажици растопен путер или маргарин прстофат сол 1 лажичка кафеав шеќер сок од свеж портокал околу 10-30 мл шеќер во прав за декорација

3030
СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

За тесто: 500г Сенаменско брашно 2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто) 2 лажички сол 1 супена лажичка рум или коњак 4 лажички прашок за печиво 1 маргарин за готвење 1 филџан кисело млеко 1 филџан масло за јадење За декорација: Белка од 1 јајце половина лажиче сол 100г сусам

45
ДВОПЕК-ПИЦА

ДВОПЕК-ПИЦА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 150-300 ml млака вода неколку парчиња шунка и кашкавал печурки, маслинки 1 свежа пиперка 1-2 јајца (по желба) пасирани домати (или кечап) оригано

225