МИНИ ЧИЗКЕЈК СО БОРОВИНКИ

Состојки

  • 1 пакување Kолачиња со чоколадни парчиња
  • 2 лажици растопен путер 
  • малку сол 
  • 230 гр крем-сирење (маскарпоне) 
  • 60 гр шеќер 
  • 2 лажици свеж сок од лимон 
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила  
  • 2 јајца 
  • 150 гр џем од боровинки 
  • 300 гр свежи боровинки

За декорација: кора од лимета

12

45

Подготовка

Рерната се загрева на 150 °C. Колачињата се блендираат, им се додаваат путерот и солта. На дното од секоја модла се става по 1½ супена лажица од смесата. Се печат 6 минути. Во меѓувреме се мати крем-сирењето со шеќерот и сокот од лимон, додека да се добие хомогена смеса. Се додаваат јајцата, едно по едно, и сè убаво се мати. Вака приготвениот крем рамномерно се распределува во 12-те модли. Мини-чизкејковите се враќаат во рерна и се печат уште 15-20 минути. Пред послужување внимателно се вадат од плехот. Се декорираат со по една лажица џем од боровинки, неколку свежи боровинки и тенко изрендана кора од лимета.
МАДЛЕНИ

МАДЛЕНИ

1 шолја Екстра бело брашно тип 400 3 јајца 50 г шеќер кора од портокал 1 лажичка прашок за пециво прстофат сол 6 лажици растопен путер

3090
СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

2 пакувања Kолачиња со чоколадни парчиња 200 гр шеќер во прав  100 гр омекнат путер  2 лажици екстракт од ванила  3-4 лажици млеко чоколадни парченца за декорација

1240
Just2Good десерт со банана и малини

Just2Good десерт со банана и малини

420
ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

ЛИМЕТА ТОРТИЧКИ

2 пакувања Kолачиња со чоколадни парчиња 75 мл свежо цеден сок од лимета  100 мл кондензирано млеко  230 гр крем-сирење  55 гр растопен путер  150 гр слатка павлака (плус за декорација).

1230
МЕДЕНИ СРЦА

МЕДЕНИ СРЦА

За тесто 500г Пекарско брашно тип 500; 250г мед; 100г шеќер; 150г маргарин; 1 јајце; 10г какао: 2 мали лажички цимет; 1 ќесичка прашок за печиво; 100г ситно сечкани бадеми. За филување 2 пудинга од ванила; ½ л млеко.

210
ДЕКОРАТИВНИ КОЛАЧИЊА

ДЕКОРАТИВНИ КОЛАЧИЊА

СОСТОЈКИ 300 г Kолачиња со чоколадни парчиња 300 мл вода 250 г шеќер 100 г путер 50 г чоколадо За фил: 200 мл слатка павлака 2 лажици капучино од вашиот омилен вкус

8-1030
КРОФНИ

КРОФНИ

За тесто 1кг Екстра бело брашно тип 400 400мл млеко 3 јајца 200мл масло за јадење 200г шеќер 20г квасец 1 ванилин шеќер Декорација по желба:-шеќер во прав или растопена чоколада.

8-1060
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

1 пакување Пченичен двопек 500г шеќер 1л вода 2 ќесички ванилин шеќер 2 ќесички пудинг од чоколадо 2 ќесички шлаг пена

825