ЧИЗКЕЈК СО ДВОПЕК И ЈАГОДИ

Состојки

  • 9 парчиња Пченичен двопек
  • 40 g путер
  • 135 g шеќер
  • 400 g несолено свежо сирење
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 јајце
  • мармалад од јагоди

Подготовка

Двопекот се дроби со сукало, потоа да се меша со 2 лажици шеќер и путер. Смесата се меси со рака, потоа се распоредува во подмачкано тавче и убаво се рамни. Сирењето добро се меша со шеќерот, кората и сокот од лимон и се додава 1 жолчка од јајце. Белката се мати и се додава на кремот од сирење. Смесата потоа се става врз иситнетиот двопек и се пече 75 минути на 150° C. Кога колачот ќе се испече, се остава 10 минути да се олади, потоа се премачкува со мармаладот од јагоди.
БРЗА ПИТА СО ШУНКА, СПАНАЌ И КАШКАВАЛ

БРЗА ПИТА СО ШУНКА, СПАНАЌ И КАШКАВАЛ

СОСТОЈКИ 150 г Пченкарно брашно 100 г Екстра бело брашно тип 400 4 јајца 100 мл масло за јадење 150 мл млеко 2 лажички прашок за печиво (1 пакетче) 200 г спанаќ, измиен и исечкан 150 г кашкавал, исечкан на коцки 200 г шунка, исечкана на коцки 1 лажичка сол 2 лажици кисело млеко или […]

4-660
ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 50 мл маслиново масло 1/4 свеж квасец прстофат сол 2 лажички шеќер 150 г рендан кашкавал 20 г рендан пармезан 50 мл доматен сос 100 г кулен јајце за премачкување

10-12140
ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

1 пакување  Бел леб 1кг сварен пилешки стек 1 шолја мајонез сок и кора од 1 лимон ситно изрендана 80 г растопен путер 80 г рукола крупно исечкана ¾ шолја ситно исечкани зачински билки (магдонос, нане, копар, босилек) сол и бибер

4-630
Колач од ванила и портокал

Колач од ванила и портокал

За пандишпан: 180 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка сол 250 г путер 250 г шеќер 4 јајца екстракт од ванила кора од 1 портокал 240 г  кисела павлака За глазура: 2 портокали, 150 г шеќер, 60 г вода.

8-1060
ДОМАШНА ПИТА

ДОМАШНА ПИТА

За тесто: 700г Сенаменско брашно 380-400мл вода 10г шеќер 300г брашно за посип 20мл масло за јадење 300мл зејтин за попрскување 10г свеж квасец 15г сол Фил по желба.

890
КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

3-4 парчиња Пченичен двопек 250 g свежи шампињони 1 главица кромид 1 лажица брашно 1 јајце 1,5 l вода 100 ml кисела павлака магдонос маслиново масло сол, сув зачин по желба

430
БРУСКЕТИ СО ТУНА, ПИПЕРКА И БЛИТВА

БРУСКЕТИ СО ТУНА, ПИПЕРКА И БЛИТВА

5-6 парчиња ‘Ржан двопек 1 конзерва туна 2-3 зелени пиперки неколку листови блитва маслиново масло лимонов сок (1/2 лимон) сол, бибер, лук

325
ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ

ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ

1 шолја 275 г Пченкарно брашно 1 шолја бело брашно 1/4 шолја шеќер 1 лажичка прашок за печиво 1 лажичка сол 2 јајца 12 лажици исцедена пченка во зрно 1 1/4 шолја млеко 1/4 шолја масло за јадење

635