ПИТА СО ПИЛЕШКО

Состојки

За фил:

  • 500 г варени пилешки гради исечкани на коцки
  • 200 г сечкани шампињони
  • 3 лажици путер
  • 1 среден ситно исечкан кромид
  • 2 сечкани моркови
  • 120 г брашно
  • 700 мл пилешки булјон
  • 1 лажица мајчина душичка
  • 1 лажица оригано;
  • 100 г замрзнат грашок

За кора:

  • 60 г Екстра бело брашно тип 400
  • 2 лажици печиво
  • 3 лажици млеко
  • 1 јајце
  • 100 г кашкавал

4

180

Подготовка

Брашното, солта и путерот се мешаат со дрвена лажица. Се додаваат водата и претходно изматените јајца. Сè се меша за да се добие хомогена смеса. Вака подготвеното тесто се остава во ладилник 2 часа. Од него се замесува тесто, кое се дели на два дела. Со едниот дел од тестото се обложува длабока кружна тава и повторно се става во ладилник за да се стегне. Во тава на оган се растопува путерот и во него се пржат шампињоните, морковот и кромидот. Се додава брашното и сè убаво се меша. Постепено се додава пилешкиот булјон. Филот се готви 10-15 минути или додека смесата не се згусне. На крајот се додаваат грашокот и парчињата пилешко месо. Изладениот фил се става во тавата врз тестото. За горната кора, се мешаат брашното и печивото. Се додаваат јајцата и млекото и сè убаво се меша за да се добие ронлива смеса. По желба се додава кашкавал. Сè убаво се меша. Вака подготвената кора се нанесува врз горната површина. Се пече во загреана рерна на 190°С, 30 минути. Потоа рерната се намалува на 170°С и се пече уште 30 минути.
ДОМАШНА ПИТА

ДОМАШНА ПИТА

За тесто: 700г Сенаменско брашно 380-400мл вода 10г шеќер 300г брашно за посип 20мл масло за јадење 300мл зејтин за попрскување 10г свеж квасец 15г сол Фил по желба.

890
ЦЕЗАР САЛАТА

ЦЕЗАР САЛАТА

2 парчиња Пченичен двопек 200 g бело пилешко месо (стек) 30 g пармезан 3 чешниња лук зелена салата 2-4 чери домати сок од 1 лимон павлака мајонез маслиново масло сол бибер

220
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
МОНСТЕР СЕНДВИЧИ

МОНСТЕР СЕНДВИЧИ

СОСТОЈКИ Неколку парчиња Интегрален леб со микс од зрна 2-3 лажички сенф тенки парчиња шунка кашкавал зелени маслинки со пиперка

220
БИСКОТИ

БИСКОТИ

230 г Екстра бело брашно тип 400 150 г шеќер 120 мл масло за јадење 2 јајца кора од 1 лимон неколку капки екстракт од бадем 100 г цели бадеми 100 г суво грозјe 2 лажички прашок за печиво малку сол 1 јајце, изматено за премачкување

680
ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА

ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млако млеко ½ свеж квасец 3 лажици шеќер, прстофат сол 1 лажичка алкохолен оцет За филот: 200 г кравја урда 100 г исецкан свеж спанаќ

6-8155
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

3 пакувања Меки колачиња со чоко парчиња 2 жолчки  4 лажици шеќер  200 гр чоколадо за готвење  250 гр путер  100 мл млеко  малку рум  100 гр сецкано суво грозје  100 гр ситно сечкано желе  100 гр сечкани ореви

45
ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

ЅВЕЗДЕНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување мешан Бел тост леб шунка кашкавал путер

715