ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ СО ФИЛ ОД ТИКВА

Состојки

За ролат:

  • 100 г Екстра бело брашно тип 400
  • 25 г какао
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 4 јајца
  • 150 г шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За фил:

  • 200 г пире од тиква
  • 120 г путер на собна температура
    300 г шеќер во прав
  • 1 лажичка цимет
  • неколку капки портокалова боја

За чоколадна глазура:

  • 150 г чоколадо
  • 6 лажици млеко
  • изматена слатка павлака за декорација.

12

50

Подготовка

Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот, а потоа додадете го млекото, ванилата и сувите состојки и се заедно измешајте. Смесата претурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете ја кората околу 15 минути во загреана рерна на 170 степени. Тестото префрлете го на кујнска крпа наросена со шеќер во прав и превиткајте во ролат. Оставете да се излади за да може ролатот полесно да се витка. За филот: во сад со електричен миксер изматете ги заедно путерот, шеќерот во прав, циметот и пирето од тиква. Додадете и портокалова боја и убаво изматете. Филот нанесете го на изладената кора и повторно виткајте во ролат. Одозгора направете чоколадна глазура на тој начин што ќе ги растопите на пареа чоколадото и млекото. Оставете да се стегне и декорирајте со изматена слатка павлака.
Клуб-сендвич со свеж зеленчук

Клуб-сендвич со свеж зеленчук

8 парчиња Интегрален леб 8 листа марула; 16 парчиња сушени , ситно исечкани домати; 2 тиквички, исечени на тенки кругови; 1 модар патлиџан, исечен на тенки кругови; 2 домати, исечени на тенку кругови; 4 лажици нискокалоричен мајонез; маслиново масло; Сол и свежо мелен бибер

325
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
КРОКЕТИ ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО

КРОКЕТИ ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО

500 g Пченкарно брашно малку црн пипер малку сол 50 ml масло

8-1040
Жито Лукс рецепт – Just 2 Good чиа пудинг

Жито Лукс рецепт – Just 2 Good чиа пудинг

3240
СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

СОЛЕНИ СУСАМ-БОМБИЧКИ

За тесто: 500г Сенаменско брашно 2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто) 2 лажички сол 1 супена лажичка рум или коњак 4 лажички прашок за печиво 1 маргарин за готвење 1 филџан кисело млеко 1 филџан масло за јадење За декорација: Белка од 1 јајце половина лажиче сол 100г сусам

45
БРЗИ БРУСКЕТИ

БРЗИ БРУСКЕТИ

8 парчиња ‘Ржан двопек 4 чешниња лук 2 лажици маслиново масло 4 црвени печени пиперки 200 g сирење магдонос

410
ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

ТЕГНЕТА ПИТА СО ПРАЗ

700 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млака вода ¼ од квасец прстофат сол 100 мл масло за јадење За фил 3 страка праз, ситно исечкан 2 лажици масло за јадење 1 јајце 200 г урда или дробено сирење

6-860
ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ

ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ

2 лажици Екстра бело брашно тип 400  1 лажица путер 4 лажици шеќер 1 жолчка 100 г чоколадо за готвење со мин. 60 % какао маса 3 лажици путер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат сол 2 белки 50 г шеќер ½ лажичка алкохолен оцет

425