ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

Состојки

За тесто:

За фил:

  • 300 г брокула исечкана на мали парчиња
  • 100 г рендан кашкавал
  • 30 г рендан пармезан
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • 3 парчиња сардини ситно исечкани
  • 50 г исечкани кикирики
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук, сечкан
  • свеж магдонос
  • сол и мелен црн пипер

2-3

45

Подготовка

Од трите состојки за тесто - замесете го тестото. Обвиткајте го целото тесто во хартија за свежа храна и оставете да одмори околу 30 минути. Расукајте го тестото со сукало во долги ленти или со помош на машина за правење лазањи. Пресечете парчиња долги околу 15 см. Така пресечените парчиња варете ги во зовриена вода со сол. Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со маслиново масло за да не се залепат. Во тава на оган загрејте го маслиновото масло. Додадете ја брокулата, сардините и чешнињата лук ситно исечкани. Промешувајте константно за смесата да не загори. Додадете ги кикириките што претходно ќе ги исечкате, неутралната павлака, пармезанот, кашкавалот и сечканиот магдонос. Гответе уште две до три минути и тргнете го филот од оган. Додадете сол и мелен црн пипер по вкус.Земете од пресечените парчиња лазања, нанесете од филот на едниот крај од тестото и со другиот крај поклопете за да добиете ефект на „сендвич“. Вака подготвените парчиња лазања со брокула ставете ги во тавче обложено со хартија. Врз секое парче полејте малку неутрална павлака и на загреана рерна од 200 степени печете околу 10 минути. Декорирајте со неколку кикирики.
МЕДЕНИ СРЦА

МЕДЕНИ СРЦА

За тесто 500г Пекарско брашно тип 500; 250г мед; 100г шеќер; 150г маргарин; 1 јајце; 10г какао: 2 мали лажички цимет; 1 ќесичка прашок за печиво; 100г ситно сечкани бадеми. За филување 2 пудинга од ванила; ½ л млеко.

210
ЕМПАНАДАС СО ПЕЧУРКИ

ЕМПАНАДАС СО ПЕЧУРКИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 2 лажици шеќер ½ квасец 1 јајце 3 лажици маслиново масло сол по вкус За фил: 1 лажица Екстра бело брашно тип 400 2 лажици путер 1 средна главица кромид 500 г свежи шампињони 200 мл вода 1 лажица сув босилек 1 лажица […]

4-660
ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

Потребни состојки: 200 гр мелени Колачиња со чоколадни парчиња и лешници 150 гр путер 200 гр чоколада  2 лажици мед  1 дл кока-кола  200 гр шеќер  75 гр крупно сечкани лешници 75 гр крупно сечкани бадеми  100 гр чоколада за глазура

10-1230
СУШИ СЕНДВИЧИ

СУШИ СЕНДВИЧИ

1 пакување  Бел леб со отстранети корки 300г сварена и испасирана пченка 4 големи, тенки парчиња чадена шунка 1 мал изрендан морков 1 мала краставица излупена и исечена на ленти 200 г лосос исечкан на ситни парчиња 2 – 3 листови зелена салата 1 мало авокадо исечкано на тенки ленти

5-730
РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

СОСТОЈКИ 300 г Kолачиња со чоколадни парчиња 250 г пире од костени 350 г путер 150 г чоколадо за готвење 100 г кокос 300 г шеќер во прав 50 мл вода

6-8120
ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА

ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млако млеко ½ свеж квасец 3 лажици шеќер, прстофат сол 1 лажичка алкохолен оцет За филот: 200 г кравја урда 100 г исецкан свеж спанаќ

6-8155
ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување Бриош леб путер мармалад или џем

420
Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

8