МЕДИТЕРАНСКИ ДОМАШЕН ЛЕБ

Состојки

  • 500 г Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сув или свеж рузмарин
  • 1 1/2 лажичка буковец
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 350 мл млака вода
  • 100 г зелени маслинки
  • 100 г каламата маслинки

4

240

Подготовка

Замесете тесто од брашното, солта, лукот, рузмаринот, буковецот, квасецот и водата. Додадете ги исечканите маслинки и оформете топка од тестото. Оставете го во сад да се одмори околу 2 часа додека да се зголеми волуменот. Тестото ќе биде многу меко и речиси невозможно за обработка. Но со малку набрашнети раце, може да се обработува. Размесете го и повторно на кујнска крпа набрашнета со Екстра брашно, оставете го да одмори уште 30-тина минути така што ќе го покриете со краевите од крпата за да не се исуши. Во рерната која сте ја загреале на 200 степени, ставете да се загрее една округла тава на механизам со пречник од 26 см. Со помош на крпа извадете ја тавата, набрашнете ја и набрзина превртете го лебот со помош на крпата во врелата тава. Печете околу 20 минути на 200 степени, па намалете на 180 и печете уште 20-тина минути. Доколку не сакате тврда кора, повремено со прскалка со вода прскајте го горниот дел од лебот.
ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

Потребни состојки: 200 гр мелени Колачиња со чоколадни парчиња и лешници 150 гр путер 200 гр чоколада  2 лажици мед  1 дл кока-кола  200 гр шеќер  75 гр крупно сечкани лешници 75 гр крупно сечкани бадеми  100 гр чоколада за глазура

10-1230
РОЛАТ СО РОГАЧ

РОЛАТ СО РОГАЧ

500 г Екстра бело брашно тип 400 50 г шеќер 1 кесичка сув квасец 2 лажици кора од лимон прстофат сол 250 мл млеко 50 г растопен путер 2 жолчки За фил: 120 г рогач 200 мл млеко 100 г сецкани суви смокви 1 лажица рендана кора од лимон прстофат каранфилче во прав 1/2 лажица […]

6-8140
МИРИСЕН КОЛАЧ

МИРИСЕН КОЛАЧ

250 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка цимет 1/2 лажичка мелено каранфилче 1/2 лажичка мелено мускатно оревче 1/2 лажичка сол 2 јајца на собна температура 150 г шеќер 170 мл кисела павлака кора од 1 портокал 80 мл сок од портокал 100 г шеќер 60 мл масло за […]

2060
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90
ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

ЛИСНАТИ ПЕЧИВА СО ВИШНА

За лиснато тесто: 300 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл кисела вода 2 лажици масло за јадење прстофат сол 150 г путер или маргарин За фил: 200 г одмрзнати вишни 1 лажица нишесте 3 лажици шеќер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат цимет

1290
Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 1 зелена, 1 портокалова и 1 црвена блага пиперка, ситно исечкани 100г Гауда кашкавал, исечен на коцки 2 лажици ситно исечкани маслинки ситно сечкан свеж магдонос сол и свежо мелен бибер

420
Just2Good десерт со банана и малини

Just2Good десерт со банана и малини

420
ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување Бриош леб путер мармалад или џем

420