Сенаменско брашно

Начин на подготовка

Јајцата се матат, постепено се додаваат млекото, маслото за јадење, киселата вода, двете брашна измешани со прашокот за печиво, солта и на крај сирењето и празот. Се мешаат додека се изедначи смесата.  Се истура во подмачкан плех и се пече на 220°С, 30 до 40 минути.

senamensko1

Состојки

За тесто:

  • 1 чаша СЕНАМЕНСКО бело брашно
  • 3 јајца
  • 1 чаша млеко
  • ½ чаша кисела вода
  • 2 чаши пченкарно брашно
  • ½ чаша масло за јадење
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200г рендано сирење
  • сол по вкус
  • 150г ситно исечкан праз