100% ЦЕЛО ЗРНО СO НИКУЛЦИ И СЕМИЊА

Овој леб е направен од интегрално пченично брашно и збогатен со семиња од сончоглед, тиква, и пченични никулци. Интегралното брашно е богат извор на диететски влакна за подобро варење, додека семињата се природен извор на витамини, минерали и здрави масти кои даваат енергија и поддршка на организмот. Посипот од пченични снегулки ја дополнува хранливата вредност и го збогатува вкусот, правејќи го овој леб одличен избор за секојдневна балансирана исхрана.

Достапен во пакување од 500 g.