Нашиот производствен погон беше исполнет со детска радост и љубопитност!

Со големо задоволство ги угостивме учениците од ОУ „Киро Глигоров“, кои имаа можност одблиску да видат како од едно зрно пченица, преку современа технологија и внимателно контролирани процеси, се создава лебот што секојдневно го конзумираме

Учениците имаа можност да се запознаат со целиот пат на лебот – од мелењето и месењето, до печењето и пакувањето, откривајќи дека зад секое парче леб стојат знаење, посветеност и љубов.

А најубавиот момент беше кога самите замесија и вкусија свежо печен леб! Со огромна радост ја споделуваме нашата традиција и знаење со најмладите, за тие да ја научат вистинската вредност на лебот што нè обединува секој ден.