Да се живее и да се прават промени со цел да се живее подобро е одговорност која секоја добро организирана и свесна компанија ја прави во своето секојдневно работење. Овој концепт опфаќа различни теми како што се човекови права, одржување здрава животна средина, поддршка на културата и решавање на социјалните проблеми.
Во рамките на своето општествено одговорно делување, се придруживме на здруженијата „Ретвитни оброк“ и „Вистински дела на љубезност“ и секоја сабота во октомври, во 12 часот пред споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје, доделувавме по 300 леба кои беа делени заедно со домашно зготвени оброци на социјално загрозени лица. Покрај тоа, компанијата на неделно ниво донира лебови од својот асортиман во Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст кој се наоѓа во Момин Поток. Овие донаторски акции на „Жито Лукс“ претставуваат и дел од иницијативата по повод 16 октомври – „Светскиот ден на лебот“, а ние и понатаму ќе продолжиме да ги спроведуваме и во наредните месеци.