Физичката активност, престојот во природа и градењето здрави навики се клучни за правилниот развој на новите генерации, Со големо задоволство го поддржавме летниот планинарски камп за деца, организиран од  планинарскиот клуб „Љуботен“

Преку планинарење и освојување нови патеки, младите авантуристи учеа за важноста на зачувувањето на животната средина, тимскиот дух и меѓусебната поддршка. Покрај тоа, децата имаа можност низ едукација да научат и корисни вештини – како правилно се поставува камп и како се престојува на планина.

За засилување и енергија за време на авантурите, децата уживаа во нашите производи – лебот 100% цело зрно, како и во нашите сочни колачи Just2Good, кои беа совршена здрава ужина за секој чекор од патот.

Вложувањето во здрава иднина и поттикнувањето активен животен стил кај младите е наша трајна ориентација! 🥾🌲