На 15 февруари, во Cineplexx, Жито Лукс го претстави новиoт визуелен идентитет покажувајќи ги новите бои, новото лого и новиот, модерен дизајн на сите пакувања. Новиот изглед, како и идните развојни планови, компанијата ги претстави пред новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите
Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот.
„Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи за етаблиран бренд со долга традиција и голем успех на пазарот. Но времињата со себе носат потреба за промени на сите полиња. Покрај низата инвестиции со кои Жито Лукс во последните неколку години работи на подобрување и унапредување на производниот процес и на квалитетот на производите, беше потребно тие промени да бидат поддржани и со модернизација на сопствениот изглед со што би се зајакнала и перцепцијата на купувачите, посебно на помладите генерации за брендот“ – изјави генералниот директор на Жито Лукс Димитриос Плакоутсис.
Боите и формите на новото лого ги поврзуваат двата извора на живот, сонцето и лебот, а неговата динамика го отсликува стремежот на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.
Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите на Жито Лукс како предуслов за создавање задоволни и лојални потрошувачи.
„Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката, но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја од Жито Лукс да создадат лидер во мелничко-пекарската индустрија“ – велат од Жито Лукс.