Жито Лукс како општествено одговорна компанија е присутна и постојано активна во речиси сите области од општеството каде што е потребно. Општествената одговорност на нашата компанија уште еднаш се потврди со присуството на Националната конференција за детско учество, организирана од првата детска амбасада „Меѓаши“. Како еден од главните покровители, Жито Лукс со своите претставници присуствуваше на настанот кој се одржа во кино Фросина во Младинскиот културен центар. Овој настан беше одлична прилика лично да се запознаеме и дружиме со децата присутни на оваа манифестација, а воедно и со присутните претставници од други влијателни организации. Своето покровителство Компанијата го потврди со тоа што им подели 200 Жито Лукс пакетчиња исполнети со Elite mini cake, а на наше задоволство, ова пријатно изненадување беше соодветно забележано.
3. Едукативни тури „Од Брашно до Леб” за учениците на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и СОС-детското село (Јули 2010)
Жито Лукс се грижи за најмладите! Едукативните тури коишто беа наменети за запознавање со процесот на производство на леб, на забавен и допадлив начин беа организирани за учениците од ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, како и за учениците од СОС-детското село. Колоритната, а истовремено и едукативна презентација со слоган „Од брашно до леб“ го задржаа вниманието на децата и успеа да им го долови процесот на производство на леб, на едноставен, лесен и интересен начин. Децата посетители, пролетниот ден го искористија за прошетка низ производствените простории на Жито Лукс и дополнително се запознаа со нашиот производен асортиман и бренд кој секојдневно го консумираат. Технологот, кој ја одигра улогата на водич, ги објасни и одговори сите прашања на учениците, дозволувајќи им одблиску да ги погледнат елементите на производство и да се запознаат со процесот. Пријатната прошетка на впечатлив начин беше завршена со подарок за секое дете, а нивното воодушевување беше вистинско задоволство и за нив и за нас.