НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАШАТА СИЛА!
Кај нас, во Жито Лукс, тоа се луѓето кои со својот иновативен и креативен пристап се секогаш подготвени да го истражуваат непознатото за да им излезат пресрет на потребите на нашите потрошувачи.
Затоа во компанијата сме фокусирани на зголемување на потенцијалот што го имаат нашите вработени и тоа преку соодветни едукативни алатки и онлајн-програми. На тој начин го надградуваме и развиваме деловниот модел и истовремено го прошируваме знаењето и хоризонтите со иновативните техники и методи.
Една компанија е добра онолку колку што се добри нејзините вработени Затоа, во Жито Лукс, се грижиме да ги регрутираме и задржуваме само најдобрите луѓе.
ЗАПОЗНАЈТЕ НЕКОЛКУ ЧЛЕНОВИ ОД НАШИОТ ТИМ:
Сања Павлеска
Менаџер на производство
Мојата приказна во Жито Лукс започна пред повеќе од 7 години, кога се вработив како процесен технолог водејќи го целиот технолошки процес од суровина до готов производ. Како што минуваа годините, така растеше и моето искуство при што секојдневно го надоградував знаењето. Работењето во Жито Лукс е предизвик затоа што крајната цел е да се создаде производ кој ќе го сакаат сите – леб.
Како дел од производството, имаме цел да изработиме пекарски производи со најдобар квалитет, истовремено водејќи сметка за сите контролни точки.
Целиот тим од производството: технолози, сменоводители, оператори, редачи и други, секојдневно се трудиме од основните суровини да произведеме леб кој ќе ги исполнува сите стандарди за квалитет. Користејќи брашна изработени во нашата мелница, следејќи ги нивните карактеристики, го прилагодуваме технолошкиот процес користејќи современа опрема, сѐ со една цел: добивање квалитетен производ. Токму квалитетот ни е основна водилка во секојдневното работење.
Најважното нешто за едно производство е задоволниот потрошувач, а тој е секогаш тука да го препознае нашиот квалитет.
Милан Копчаревски
Супервизор на продажба
Една компанија е добра онолку колку што се добри нејзините вработени…
Да се работи во секторот продажба, со неколку збора значи, комуникација, негување добар однос со клиентите, добро познавање на потребите на пазарот, соработка со другите сектори…
Од моето работно искуство изминативе 4 години, можам слободно да констатирам дека нашиот сектор го красат тимски дух и професионален однос како помеѓу себе, така и во односите со нашите клиенти.
Да се биде супервизор во една компанија како Жито Лукс значи комплетна одговорност и посветеност околу работните задачи со цел да го направиме задоволен крајниот купувач.
Вера Луличевска
Правен референт
Моето прво вработување е во Жито Лукс АД Скопје и сигурно ќе бидам и пензионер на Жито Лукс. За сите овие години го претставував Жито Лукс во доменот на правото и правните услуги. На самите почетоци работев во Секторот за малопродажба кој броеше 219 продавници и 650 вработени, при што се здобив со искуство во комуникација со секој од нив. Задоволството и благодарноста од таа комуникација се докажува со нашето долгогодишно пријателство што трае и ден денес. При првата реорганизација на компанијата, се сменија многу работи и моето ново работно место стана правен референт. Со години комуницирав со сите релевантни институции: судови, инспекции и коминтенти со што придонесов за рејтингот на компанијата. Секако дека имаше многу предизвици кои јас навремено и на најсофистициран и професионален начин успевав да ги реализирам. Покрај сите редовни обврски и правните ангажмани што ги имам како правен референт, во моментот ја извршувам и функцијата Претседател на Синдикатот на Жито Лукс. Токму оваа функција за мене беше од животно значење затоа што на овој начин градам мост помеѓу вработените и менаџментот и секое придвижување кон исполнување на работничките барања го доживувам како личен успех. Се разбира, во градењето на ваквата комуникација учествуваат и сите вработени создавајќи на тој начин нераскинлива врска која понатаму го гради целокупното реноме на Жито Лукс. И токму поради тоа, јас сум бескрајно благодарна за оваа извонредна соработка.
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛЕБОТ ГО ПРОСЛАВИВМЕ КАКО ДЕН НА КОМПАНИЈАТА
И годинава Светскиот ден на лебот 16 октомври го прославивме како Ден на компанијата што не е чудно затоа што нашата примарна дејност е производство на леб и брашна. Ова е ден којшто носи во себе и подлабока етичка порака затоа што нашата идеја како општествено одговорна компанија е да им ја дадеме потребната помош на лица кои не се во можност да си ја дозволат оваа основна прехранбена намирница.
На Светскиот ден на лебот, во дворот на Жито Лукс направивме место место за дружење, смеа, вкусна храна, освежителни пијалаци и дискусии за нашите идни планови. Овој настан е уште еден доказ за традицијата на другарскиот дух и тимската работа што ја дефинираат нашата компанија.