Управен одбор
НИКОЛАОС ВОУДОУРИС, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЖИТО ЛУКС АД СКОПЈЕ И ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ELBISCO S.A.
Николаос Воудоурис (Nikolaos Voudouris) е роден во 1968 годинa. Од 1. септември 2018 година избран е за Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Жито Лукс АД Скопје и за Главен извршен директор на ELBISCO S.A. Тој има претходно повеќегодишно професионално работно искуство во повеќе грчки и интернационални компании. Николаос дипломирал на Националниот технички универзитет во Атина и се здобива со титула Дипломиран хемиски инжинер како и со титулата Магистер по прехрамбени науки на Универзитетот Rutgers, Њу Бранзвик, Њу Џерси, САД.
ДИМИТРИОС ПЛАКОУТСИС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
Господин Димитриос Плакоутсис (Dimitrios Plakoutsis) е роден 1965 година. По завршувањето на високото образование во 1988 година добива титула Дипломиран соработник за уметност, општествени науки. Потоа започнува неговата долгогодишна кариера во разни FMCG индустрии при што стекнува големо интернационално искуство, работејќи на различни менаџерски позиции со што се стекнува со огромно знаење и искуство од областа на продажбата и маркетингот. Во периодот од 2009 – 2014 година ја зазема позицијата заменик-генерален директор на Жито Лукс која со успех ја завршува и остварува одлична соработка со локалните компании и дистрибутивната мрежа.
Одлично говори англиски јазик, а многу добро македонски и српски јазик.
ГЕОРГИОС ТХРИСКОС, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР ЗАДОЛЖЕН ЗА ПРОДАЖБА, ЛОГИСТИКА И ДИСТРИБУЦИЈА
Георгиос Тхрискос (Georgios Thriskos) е роден 1970 година. Работниот ангажман во Жито Лукс АД Скопје го започнува во 2021 година на функцијата член на Управен одбор задолжен за продажба, логистика и дистрибуција. Своето претходно богато повеќегодишно работно искуство го стекнува во повеќе интернационални компании од прехрамбената индустрија од Грција, Србија, Романија извршувајќи ги функциите Генерален директор, Директор и менаџер за продажба, дистрибуција, извоз, развој на бизнисот. Воедно, во текот на своето работно искуство се има здобиено со многубројни сертификати за успешно посетени обуки и семинари од областа на продажбата и маркетингот.
ОЛИВЕРА ЃУРОВСКА, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР ЗАДОЛЖЕНА ЗА ФИНАНСИИ И КОНТРОЛА
Оливера Ѓуровска е родена 1980 година. Во Жито Лукс АД Скопје работи од 2004 година на повеќе работни позиции, почнувајќи како Асистент во финансии, потоа Самостоен финансов аналитичар, Менаџер за финансиско известување и Внатрешен ревизор. Од 2019 година работи како Менаџер за финансии и контрола во Секторот за финансии во Жито Лукс АД Скопје. Оливера е Дипломиран економист на отсекот Сметководство и ревизија на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Скопје, каде што исто така се стекнува и со титулата Магистер по економски науки во областа Сметководство и ревизија. Оливера е член на Управниот одбор задолжена за Финансии и контрола.
АНТОАНЕЛА ПЕТРОВИЌ, ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР, ЗАДОЛЖЕНА ЗА ШОПЕР МАРКЕТИНГ, КЛУЧНИ КЛИЕНТИ И МАРКЕТИНГ
Антоанела Петровиќ е родена 1971 година. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1996 год.
Својата долга професионална кариера ја посветува на маркетингот работејќи на водечки позиции во повеќе светски познати маркетинг-агенции во земјава и во странство, фокусирајќи се на стратешкото планирање, градење брендови и осмислување креативни и медиумски стратегии за голем број домашни и интернационални брендови. Кариерата ја продолжува во индустријата на производи за широка потрошувачка (FMCG) во Фронери, Србија – производител на сладолед кој работи во 24 земји во светот, како Регионален бренд менаџер за групата производи на Нестле и Монделез задолжена за 9 земји во регионот.
Својот ангажман во Жито Лукс го започнува во 2019 год. на позицијата Шопер маркетинг менаџер, а подоцна се вклучува и во активностите на продажниот тим како Менаџер за клучни купувачи. Во моментов, ја извршува функцијата Директор за маркетинг и шопер маркетинг како и стратег за клучните национални купувачи.