Освен што се грижи за своите потрошувачи, Жито Лукс АД продолжува и со своите донации онаму каде што е најпотребно! Жито Лукс АД Скопје донираше во СОС Детското село, кое секој месец ќе продолжи да добива по 120 килограми брашно, колку што всушност се месечните потреби на оваа институција. Задоволството од ваквиот потег на Жито Лукс АД Скопје не го криеше ниту директорката на СОС Детското село, Виолета Георгиевска. „Кога сите компании во нашата земја би го земале примерот на Жито Лукс, сите ние во СОС детското село би биле пресреќни, задоволни и радосни, веројатно секој од 365-те дена во годината“, изјави директорката на СОС Детското село.
ДОНАЦИЈА СЕКОЈ МЕСЕЦ 120КГ БРАШНО ЗА СОС ДЕТСКО СЕЛО
Апр 15, 2015 | Донации