Еден од начините како да се намали чувството на хендикеп за лицата со посебни потреби е тие да се интегрираат колку што е можно повеќе во нормалните активности во општетството. Токму и тоа беше идејата на организирањето на шаховските турнири по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Турнирот свечено беше отворен од Градоначалникот на Скопје, г. Коце Трајановски, а на него се натпреваруваа 10 учеснички во женска конкуренција и 28 учесници во машка конкуренција.
Победничка меѓу жените е Соња Николова, а меѓу мажите Владимир Тркаљанов од Кочани. За дополнителна енергија и заедничко дружење за време на турнирот, Жито Лукс за појадок донираше вкусни бурек пити.