Жито Лукс учествуваше на појадок на мост заедно со 2000 скопјани. Бурекот со месо, сирење и спанаќ, погачиците со пица фил, виршла, пиперка и сирење, тост лепчиња – беа само дел од производите од асортиманот на Жито Лукс, кои можеа да ги вкусат присутните на Камениот мост во Скопје на 19 септември.
Појадокот на мост беше организиран од градот Скопје во рамките на манифестацијата „Појадок на мост“ по повод христијанскиот празник Пресвета Богородица – заштитничка на градот. На појадокот се придружи и градоначалникот Коце Трајановски кој им посака пријатен доручек на присутните на македонски, албански и англиски јазик.