По повод Светскиот ден на лебот, ја продолжуваме традиционалната хуманитарна акција „Подарено од срце“ во соработка со Црвениот крст на град Скопје. 🍞❤️

Лебот отсекогаш бил симбол на благосостојба, споделување и заедништво. Во годината кога одбележуваме 80 години постоење, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон општествената одговорност и грижата за заедницата.

Во периодот од 14 до 20 октомври, донираме вкупно 8.000 лебови преку општинските центри на Црвениот крст низ целата држава, обезбедувајќи поддршка за секојдневните оброци на најранливите категории граѓани.

Вредноста на лебот не е само во неговото место на трпезата, туку и во можноста да се сподели со оние на кои им е најпотребен. Заедно покажуваме дека секој леб има поголема вредност кога е подарен од срце.

80 години во срцето на домот. ✨