Како долгогодишни соработници со Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗДМ), со посебна чест минатата недела бевме дел од отворањето на 3-тиот ДИА Камп за едукација на деца и млади со дијабетес тип 1 во одморалиштето Михајлово, Кавадарци.
Како компанија, посебно ни е драго што преку нашиот Дија тост леб нудиме производ прилагоден на нивните специфични нутритивни потреби и што сме нивна секојдневна поддршка.
Горди сме што со нашата поддршка придонесуваме кон иницијативи кои носат едукација, сигурност и нови насмевки кај децата.



