Го заокружуваме крајот на годината со хуманост – таму каде што значи најмногу.
Во текот на месец ноември и декември, ја поддржавме Фондација Елеуса од Струмица, која секојдневно обезбедува оброци за лица без дом и семејства во социјален ризик.
Како дел од нашата поддршка, секоја сабота дониравме лебови односно дадовме придонес кој стана дел од оброците што стигнаа таму каде што најмногу значат.
Како компанија чиј производ е лебот – симбол на дом, грижа и споделување – веруваме дека имаме одговорност да помогнеме таму каде што потребата е најпотребна.
Нека оваа поддршка биде потсетник дека добрината се множи само кога се дели.




