Имавме огромно задоволство да бидеме дел од „Кариерниот ден“ на Економскиот факултет при УКИМ и да се дружиме со студентите кои се идните лидери во нашата економија.

Како компанија со долга традиција, но и со јасна визија за иднината, секогаш сме отворени за свежи идеи и млади професионалци кои сакаат да го градат својот пат.

Беше инспиративно да се слушнат амбициите на студентите и да се споделат можностите за практиканство и вработување во нашиот тим.

Благодарност до Центарот за кариера при Економски факултет за одличната организација.